ОПАСНОСТА ОД ПОКАЧЕН ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ
Покаченото ниво на маснотии во крвта е проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Кога ќе се споменат маснотиите во крвта се однесува на холестеролот и неговите поделби на добар HDL и лош LDL холестерол, и триглицериди. Постојат повеќе фактори кои влијаат за негова појава како гените, возраста, стилот на живеење и исхраната. За време на овие презнични денови внесовме повеќе храна од вообичаено, претежно од животинско потекло. На тема Хиперлипидемииили зголемено ниво на маснотии во крвта, за опасноста од нив, за причинителите, превенцијата како и препораки за здрав начин на живот, совет ни дава Д-р.Снежана Милевска-Пенчиќ (спец. интернист од Здравствен Дом-Скопје ). Прочитајте ги препораките!!!
Хиперлипидемиите или зголемено ниво на масни материи (липиди) во крвта се (однесува на холестерол и триглицеридите ) се честа појава во нашата популација и во светот. Во зависност од тоа која маснотија е покачена тие може да бидат 1.чиста хиперхолестеролемија 2.чиста хиперглицеремија 3.хиперлипидемија4.хиперхиломикронемија 5.други хиперлипидемии
ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ
Холестеролот е маснотија која најмногу ја има во продуктите од животинско потекло Материја која е нормална градбена компонента во секоја клетка на телото.Од него настануваат повеќе видови на хормони (тестостерон естрадиол кортизол) дел од молекулот на витамино Д . материја од која настануваат жолчни к-ни потребни за нормално варење на храната посебно на мастите .Освен со храната што се внесува, холестеролот се создава во организмот пред се во црниот дроб (1-2 гр) на ден.
Холестеролот е растворлив само во масти .Тој заедно со посебните белковини создава честички наречени липопротеини.Тие го пренесуват холестеролот и другите маснотии во крвта.Најважни се две ЛДЛ -честички со мала густина кои пренесуваат холестерол и го депонират во одредени ткива и органи и ХДЛ честички со висока густина кои собираат во себе и пренесуваат вишок на холестерол од различни ткива во црниот дроб . ЛДЛ честичките содржат холестерол кој се нарекува ,,лош холестрерол,, бидејки пренесуваат холестерол кој се депонира во ткивата и во ѕидот на крвните садови. ХДЛ честичките се нарекуваат чистачи а холестеролот од нив ..добар холестерол,, кои го носат вишокот на холестерол од ткивата каде го има премногу и неговото повисоко ниво во крвта упатува на помал ризик за настанок на кардиоваскуларни болести .Препорачаната вредност на вкупниот холестерол би требало да биде под 5 ммол/л а вредноста на ЛДЛ холестеролот помала од 3 ммол/л.Со ХДЛ е поразлично , за него е подобро да биде барем 1ммол/л повисок.(во зависност од лабараториските вредности )
Триглицеридите се маснотии ,соединенија на алкохол, глицерол и масни киселини. Ги внесуваме преку храна, но се наоѓаат депонирани и во масните клетки на телото. Триглицеридите најпрво мора да се разградат со ензими на глицерол и масни киселини ако организмот сака да ја искористи маста од храната или масните наслаги . Глицеролот се претвора во гликоза (крвен шекер) која може да се искористи за создаваље на енергија или изградба на други материи а масните киселини се разградуват до поедноставни при што исто така настанува енергија . Ако внесеме храна која содржи јаглени хидрати вишокот се претвора преку глицерол во триглицериди и се депонира во масното ткиво како телесна маст.

Д-р.Снежана Милевска-Пенчиќ (спец. интернист -Здравствен Дом-Скопје )
БОЛЕСТИ
Вишокот на холестерол не може да се искористи и затоа тој се задржува во крвта и се депонира во ѕидовите на крвните садови – настанува атеросклероза . Имено и вишокот на триглицеридите е ризик за атеросклероза но помалку силен отколку зголеменото ниво на холестерол .Најопасни болести предизвикани од атеросклерозата се Мозочниот удар и Коронарната болест на срцето (болести на срцето)
ПРЕВЕНЦИЈА
Кај повеќето луѓе причината за повисокото ниво на холестерол-хиперхолестеролемија не е неправилна исхрана , туку се работи за многу подлабоки промени во метаболизмот на материи Најчесто правилна исхрана донекаде ке го намали нивото на холестеролот и може да доведе до нормални граници ако нивото не е превисоко или ако не постојат вродени матаболни пореметувања . Од друга страна кај повеќето болни освен промена во исхранат потребно е и лек кој ке се препорача од лекарот. Во почетокот кај повеќето болни се препорачува промена на начинот на живот. Промена на навиките – повеке физичка активност и промена во составот на храната. Совет за ХДР-хигиено диететски режим, која ако во време од 2-3 месеци покаже резултати се продолжува ако не се пристапува кон лекување .
ПРЕПОРАКИ ЗА ИСХРАНА
-да се намали внес на заситени масти од млекото и млечните преработки(млеко со помала количина на млечна маст 0.9% или 1% и да се избегнува путер шлаг павлака и сл.
– да се намали внес на висока содржина на холестерол (жолчка од јајце ,внатрешни органи, свинско месо и свински преработки, школки ракчиња
-да се избегнува пржена храна
-да се јаде повеќе овошје и зеленчук
-да се јаде храна која содржи влакна (житарици,јаболки ,црн леб.ржан зобен)
-наместо црвено месо да се јаде риба , пилешко и мисиркино месо без кожа а ретко немасно јунешко, говедско и јагнешко во помали количини
-да се подготвува месо и риба со варење или печење
-сол зачини оцет пипер во мали количини
-овошни сокови без додаток на шеќер
-да се избегнува мајонез , кечап , чоколадни напитоци , лешници бадеми

ЛЕКУВАЊЕ
Постојат неколку групи на лекови кои го намалуваат нивото на холестеролот во крвта (фибрати, смоли кои врзуваат жолчни киселини, инхибитори на ХМГ КоА редуктаза—статини (симвастатини аторвастатини росувастатини ). Тие лекови се разликуваат по механизмот на дејство како и по подносливоста и делотворноста (некои поефикасно го намалуваат холестеролот некои триглицеридите ) – лекарот го одредува тоа што е најефикасно .
Лекот не ја заменува диетата
Лекувањето не се прекинува кога ке се постигнат саканите нивоа на липиди (со прекинувањето на лекот нивото на липидите повторно ќе се зголеми )
ЕДНАШ ДАДЕНА ТЕРАПИЈА ЗА ХИПЕРЛИПИДЕМИИ СЕ ПРИМА ЦЕЛ ЖИВОТ


