Неуромедика се закити со уште една значајна награда која е потврда за нивниот квалитет и успех. Веќе 26 години врвната медицинска стучност, посветеност и квалитет на медицински услуги кои ги нуди првата привата поликлиника во Македонија Неуромедика резултираа со уште една награда. На форумот организаиран од Европското здружение за истражување на квалитет кој се оджа во хотелот Ле Плаза во Брисел Неуромедика ја доби наградата – Best practise за 2018.

 

Нагрдата Best practise за 2018 ја подигна првиот човек на Неуромедика д-р Емил Угриновски, сопственик и генерален менаџер. Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата и професионалните искуства вооднос на менаџерските стратегии на Неуромедика, кои во континуитет четврт век ја издигнуваат Неуромедика на врвно ниво вооднос на конуренцијата.

Наградата од Европското здружение за истражување на квалитет на Неуромедика е само уште една потврда на вложен труд и целосна посветеност на воведување на врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинато инвестирање и унапредување на медицинска инфраструктура и непоштедно залагање на целиот персонал во Неуромедика.

Оваа награда од страна на Европското здружение за истражување на квалитет  ја добиваат оние компании кои имаат исклучиво најдори практики и резултати во квалитетни менаџерски стратегии.

Годишниот настан на Европското здружение за истражување на квалитет е глобален форум на најдобрите, во својата област, компании и организации од приватниот и јавниот сектор и истата има за цел на усовршување на квалитетни менаџерски техники и обезбедување одлична можност за мрежно поврзување на сите учесници.