Методот Монтесори е тешко да се опише со само неколку зборови. Тоа е филозофија за образованието и развојот на детето кое е многу подлабоко отколку што можеме да го замислиме. Ова е посебен поглед на светот. Еден од најлесните начини да се разбере идејата за учење Монтесори е да се  слуша јазикот што го користат наставниците од Монтесори. Монтесориските наставници им се обраќаат на децата со почит и со постојани очекувања. Зборовите се избрани внимателно за да се поттикне независноста и критичкото размислување. Една од добрите работи во врска со Монтесори учењето е дека тоа е многу повеќе од учење, тоа е начин да го видите вашето дете и да бидете со него. И ако вашето дете не оди во училиште Montessori, лесно можете да ја внесете идејата во вашиот дом и да го гледате вашето дете да развие независност и концентрација.

Еве 7 едноставни начини  (реченици)  што се препорачуваат  во секоја Монтесори училница и како лесно да ги применувате  во вашиот дом:

“Гледам дека вредно работиш и одлично ги правиш работите”.

Фокусирањето на процесот, а не на крајниот производ е клучот за образованието. Срамно е што децата ги фалиме  со зборовите “го направи тоа многу добро” или “изгледа феноменално”, наместо да се разговара за тоа како долго време биле фокусирани на работата или како се е внимателно напишано. Фалете ја напорната работа на вашето дете, а не резултатите од таа работа. На овој начин ќе му  се помогне да воспостави позитивно размислување за можностите за подобрување на сопствените напори. Изреки како “Ти си толку добар” може да се заменат со реченицата “Забележав дека ти вчера беше многу љубезен/а кон со сестра ти и  ги делеше играчките со неа”. Ова покажува дека го забележувате доброто однесување на детето без осуда. Наместо да се каже, “Ти си вистински уметник”. Кажи: “Забележав дека вредно го работиш цртежот се додека не го постигнеш резултатот кој го посакуваш”.


Што мислиш за својата  работа?”

Во Монтесори, детето е учител за себе. Наставниците се тука како водичи, да одржуваат предавања и помош, но детето ги открива работите преку внимателно подготвена околина и материјали. Самоанализата на сопствената работа е дел од учењето. Ако вашето дете ве праша дали ви се допаѓа неговиот цртеж, обидете се да го ставите на разговор за него, а не само да кажете дека тој ви се допаѓа. Поставете му прашања и обидете се да дознаете што размислува додека црта, како ги избра тие бои, кој дел му се допаѓа најмногу. Помогнете му на вашето дете да почне да ја оценува својата работа независно, наместо да побара потврда од други.

 

“Каде би можел/а тоа да го пронајдеш?”

Независноста е друга вредност претставена во сите месеци во училниците или домовите. Целта е децата да научат да работат самостојно. И додека е понекогаш полесно да се одговори на детето на неговото прашање за тоа каде е нешто или што да се направи, многу е подобро да се одговори на неговото прашање со други прашања како “Каде може да го најдете?” Или “Кој пријател би можел да го прашаш за помош?”.  Ако вашето дете ги изгуби патиките и гледате дека се под креветот, обидете се да му помогнете да ги пронајде наместо да му ги покажете. Поставете прашања од типот на: Каде беше последен пат пред да ги изгубиш?, Дали ја провери својата соба?, исл. За ова е потребно многу време но ќе биде полесно кога детето само ќе ја превземе иницијативата отколку кога вам ќе ви се обраќа.

“Што точно сакаш да помогнам?”

Во Монтесори, детските паралелки се одговорни за многу работи, вклучувајќи и грижа за сопствената околина. Децата обично се гордеат  кога ги извршуваат своите должности, како што се правење цветен аранжман на масата, наводнување во градината, миење на прозорци и маси и така натаму.   Понекогаш работата е премногу голема. Тогаш е добро да го прашаме детето дали може да му помогнеме. Ние не сакаме да испратиме порака до детето дека не е способно да прави нешто, но не сакаме да го оптоваруваме.   На пример: Ако детето е уморно и треба да си ги собере лего коцките, тоа може да биде товар за него. Обидете се да му дадете помош на детето со тоа што ќе прашате кои бои на коцки ќе сака вие да ги собетете а кои вашето дете.Така заедно ќе раскренете и ќе му покажете на детето дека сте заедно.

„Во нашата  куќа …

Оваа фраза се користи за да им помогне на децата да привлечат внимание кон правилата и пожелните однесувања што постојат во театарот или дома. Децата ќе бидат повеќе подготвени да соработуваат ако користите фрази како потсетник во форма на изјави наместо команда.   Изјавата “Во нашата куќа се седи додека се јаде” може да биде поефикасна од командата “Седи и јади”. Како и сите ние, децата сакаат да бидат дел од заедницата, и ние само ги потсетуваме како функционира заедницата. Ако имате правило во домот што подразбира одење а не трчење, наместо “Прекини да трчаш”. Вие едноставно можете да кажете “Ние одиме низ куќата”.


“Не го прекинувајте, се концентрира “.

Заштитата на концентрацијата на детето е уште една важна работа во филозофијата на Монтесори. На часови Монтесори, децата добиваат време за континуирана работа, обично за три часа. Ова им овозможува на децата да постигнат длабока концентрација, наместо да бидат прекинати, бидејќи распоредот вели дека тие треба да се префрлат на учење нешто друго. Подоцна можете да му кажете дека сте забележале дека е многу концентриран/а додека го создава/ла своето уметничко дело.

 

“Набљудувај го детето“

Оваа последна фраза е исто така најважна. Ова е нешто што учителите на Монтесори ги потсетуваат  родителите да ги следат бурно да го гледаат детето. , Затоа што веруваат дека секое дете прави нешто со причина, и секое дете е на неговото развојно ниво. Набљудувањето ќе ни каже дека секое  дете е едниственосо индивидуални потреби, страсти и таленти и во склад со тоа треба и да се насочува детето!Ако детето нема интерес да чита обидете се да видите што сака. Ако сака да се „глупира“ тогаш сигурно ќе сака некоја комична книга наспроти детските класици. Запомните дека набљудувањето на вашето дете ќе ви помогне нештата да ги видите на поинаков начин и да работите за него а не протов него!

Извор:Најбоља мама на свету