НАПАДИ НА ЕПИЛЕПСИЈА – Др.Шпреса Хасани
Епилепсијата е рекурентна тенденција кон спонатана, интерминтентна, а бнормална активност во дел од мозокот, манифестирана како епилептичен напад односно станува збор за невролошко пореметување на мозокот.
За кој пациент тие имаат тенденција да бидат стереотипни. Конфулзиите (нападите) се моторни знаци на електрично празнења т.е. параксизмално и синхронизирано елекстично празнење на нервните клетки во мозокот. Многумина од нас би добиле епилептични напади во абнормални метаболни околности ( така на пример хипонатремија, хипооксија – рефлексни анкосични кратки конвулзии по синкопа), но некои пациенти имаат понизок праг за електрични напади и не им требаат метаболни стресови за да добијат конвулзии, па од тука може да ги спомнеме причините на настанување на епи- нападите можат да бидат најразлични, а и многу често причината може да остане и не откриена.

Причини:
- Физички: трауми, лезии кои заземаат простор, мозочен удар, хипертензија, туберкулозна склероза, SLE, PAN, Саркоид, васкуларни манифестации..
- Метаболни: апстиненција од алкохол или бензодијазепини, хипер или хипогликемија, хипооксија, уремија, хипер/хипонатремија, хиперкалцемија, хепатална болест, лекови ( на пример: фенотијазини, трициклици, кокаин)
- Инфекции: енцефалитис, сифилис, цистицеркоза, HIV
Се смета дека околу 90% од нападите кај децата се идиопатски или криптогени. Кај возрасната група 20-50 год, идиопатски се 50-60% од нападите , а додека пак кај постарите од 50% најчести се атрофијата на мозокот, примарните и метастаските туморни формации.
Постојат:
1.Напади со парцијален почеток (фокални ) во кои спаѓаат:
– едноставни парцијални напади,
– комплексни парцијални напади
– секундарни гернерализирани
2.Напади со генерализиран почеток (генерализирани) :
- Апсанси (нековулзивени)
- Миоклонични
- Клонични
- Тонични
- Тонично – клонични и
- Атанични
Клиничка манифестација:
-може да има (ретко) продром кој трае со часови или денови пред нападите. Тоа не е дел од самиот напад: пациентот или останатите забележуваат промена во расположението или однесувањето. Аурата, која е дел од нападот, може да предходи на неговите останати манифестации. Таа аура може да биде чудно чуство во цревата, сензација или неколку мускулни контракции, чуство на анксиозност.

Импициран парцијален напад ( фокален настан) често, но не и секогаш предизвикан од епи на темпоралниот лобус. Откако парцијалнит напад ќе го зафати моторниот кортекс (Џексонова конвулзија ), може да има привремена слабост на зафатениот екстримитет (и)- Тодова парализа. На генерализиран напад пациентите нагло ја губат свеста додека пак целата мускулната е контахирана. Односно се работи за тонична фаза која што трае од 15-20 секунди. После тоничната фаза имаме клинична фаза која трае од неколку секунди до неколку минути, во оваа фаза телото ритмички се грчи. Во постиктусната фаза пациентите најчесто е конфузени, збунети , не сеќавајќаат за нападот.
Поставувањето на дијагноза :
Определувањето на дијагнозата е од голема важност земајќи ја во предвид: клиничката слика, крвните анализи каде треба да бидат опфатени крвната слика, гликемијата, електролитите, црнодробните ензими, уринарниот наод, како и егзогените токсини. Најважни елементи во дијагностичката постапка се ЕЕГ, КТ и НМР.

Бидејќи голем број од нападите не се случуваат пред очите на медицинскиот персонал, потврувањето на изнесениот настан дека бил епи-напад е важно. Мошне важен е деталниот опис на сведокот за настанот.
Дијагнозата базирана на анамнезатa никогаш не е 100% , одредените анамнестички податоци можат да ги зголемат шансите дека настанот бил епилептичен напад наспроти синкопален. Присуството на пролонгирана клонично-токсична активност , автоматизми или гризења на јазикот упатува на иктален настан. На синкопалните настани многу често им предходи чуство на празнина во главата, промени во видот и/или потење. Едно или две клонични движења по синкопата не се абнормални и можат да се помешаат со епи напади.
По комплетната диференцијална дијагноза на рекурентините движења вклучувајќи ги неепилептични (психогени) напади, тетанус, позирање, ригор, малиген невролептичен синдром, миотонични грчеви , тремор, хемибализам.
Почетокот на нападите е клучен за определување на нападите.
Третман:
Третманот на епилептичните напади се состои од две многѕ важни компоненти на третирање:
- Превенција на рецидивите (повотрување) на епи-нападите
- Спречувување на тешки епи-напади ( статус епилептикус )
Лекувајте со еден лек (со еден одговорен лекар) .
Вообичаено користени лекови:
– Carbamazepine- има индикации за парцијална епилепсија
– Gabapentin – има индикација за парцијална епилепсија
– Lamotrigine – има индикација за парцијална или генерализирана епи
– Phenytoin – за парцијална или генерализирана епилепсија
– Valproate – за генерализирана и парцијална епилепсија
ВАЖНО:
Статус епилептикус се дефинира како континуирана активност на епилептичните напади за 20-30 мин или два напади кои се јавуваат без подобрување помеѓу нив. Додека повеќе од 90% од сите напади ќе запрат за 2 мин., некои се пролонгирани. Пролонгираните напади сепак се медицинска итност поради ризикот од смрт кај статус епилептикус. Кога ќе се идентификува, третманот на пациентот со статус епилептикус почнува со обезбедување на проодноста на дишните патишта, брзо определување на гликемија и обезбедување на веснки пристап.
Треба да се направи лабораторија со комплетна крвна слика, електролитен статус, гасови во артериска крв, тестови на хепатална функција, токсиколошки анализи, ренална функција и концентрации на антиепилептични лекови.
Додека се изготват резултатите се започнува со давање на 0.1mg/kg lorazepam интравенски со брзина од 2mg/min.
Пишува: Д-р Шпреса Хасани,ЈЗУ -Здравствен дон Скопје


