Многу успешни луѓе минале низ трнлив пат за да бидат она што се денес. Дали тоа се должи на талентот, работата, среќата, судбината, кармата,…или кој знае уште што? Според мене, да си успешен во она што го работиш бара одредена структура на личност. Некои вродени предиспозиции, но останатото се должи на работа, огромна мотивација, надеж, и нешто интересно- НЕМАЊЕ НА СТРАВ и УЧЕЊЕ ОД ГРЕШКИТЕ!

Поговорката вели-Стравот лозјето го чува! Јас велам до кога? До тогаш кога ќе се рече НЕ! Стравот е човеков непријател за психолошки раст и развој. Тој не држи во зоната на комфорот која е статус кво. Ако одбирате таков живот, во ред. Тоа е тоа. Но доколку нешто одвнатре бара нешто сосема поинаку,…добредојдовте во нашите прегртаки.

Стравот од непознато, неуспех, стравот од страв е искра за нови информации, увиди, сознанија, за Вас, другите, ситуацијата, грешките и увиди како не а како да следниот пат. Неуспехот доживејте го како информација, знаење за следниот успех. Врвните лидери и менаџери, не се плашат од неуспех. Тие го прифаќаат и продолжуваат понатаму.

Топло Ви препорачувам. Бидете врвен лидер на Вашиот живот. Видете го стравот и неуспехот,….истражете го,…пораснете со него…и дочекајте го новиот успех. Лидерите не се откажуваат и не ги повторуваат истите грешки! Растат со нив!

Автор на текстот:  М-р психолог/ советник психотерапевт Розалија С. Пендевска

Трет Родител” Центар за личен и организациски развој

tretroditel@yahoo.com          www.tretroditel.wordpress.com          fb Tret Roditel

М-р психолог/ советник психотерапевт Розалија С. Пендевска   078 273 763