Зошто компаниите постојано губат добри работници??

Многу успешни компании континуирано губат работници. И тоа најдобриот кадар се оддлева континуирано а проблемот живее нерешен. Зошто?

Доколку платата не е основниот мотиватор, што не е, само во тешки егзистенцијални околности,…тогаш е нешто сосема друго! Ќе Ви нафрлам неколку сегменти.

Чувство на преоптеретеност, кога постојат многу крајни рокови и работа под притисок, не давање на простор и граници за приватен живот, погрешни вработени се казнети или наградени и унапредени, нема средина за личен развој и напредување, не постои јасност во менаџерските цели и одлуки, грешки во комуникација, нездрава работна средина….

Многумина решението го гледаат во одлевање но и голем е бројот на оние кои остануваат и траат. Доколку сте менаџер или лидер, Ви препорачувам бидете. Имајте интегритет, инспирирајте, бидете визионер, фокусирајте се на работниците, нивните способности и недостатоци, бидете емпатични и дипломати. Лидерите се скромни луѓе! Тие одат и зборуваат скромно, но дејствуваат визионерски. Добрите лидери се и добри менаџери. Но не е секој менаџер добар лидер. Лидер е оној кој има нешто во себе. Не само харизма и знаење. Туку сака постојано да учи. Неуспеход е предизвик за учење. Неуспехот е мала пречка до успехот, бидејќи имаат јасна цел.

Дали сте и вие таков менаџер или лидер?

Трет Родител” Центар за личен и организациски развој

tretroditel@yahoo.com          www.tretroditel.wordpress.com          fb Tret Roditel

М-р психолог/ советник психотерапевт Розалија С. Пендевска

078 273 763