Пред да почнам дружба со кандидата се разбира со пишување за неа, сакам да дадам мал осврт за тоа како си го загрозивме сопственото здравје , но за жал и здравјето на нашите поколениа со начинот на кој живееме. На глобално ниво ни се наметна да се оддалечиме од природата, да ја загрозиме нејзината чистота, да заборавиме дека сме дел од неа и со секојдневното нејзино уништување си го уништуваме сопственото постоење.
Живееме во многу загадена средина. Загаден воздух, водата речиси и не е за пиење, а за храната и да не дискутираме колку е во последените децении извитоперена-чинам дека го искористив нај соодветниот збор. Обидите да живееме здраво во вакво опкружување навистина се се потешки.
Сепак јас сум оптимист и велам дека секој од нас може многу да направи за сопственото здравје и за здравјето на своето семејство. Како? Како индивидуал не сум во можност да го сменам воздухот во својот град, не мозам да ја намалам градската бучава, не сум во мозност да ги исчистам улиците од одпадоците на несовесните граѓани итн, а сето ова влијае на моето физичко и ментално здравје. Но, можам многу да сторам во однос на промена на мојот Life style пред се во однос на исхраната. Токму на оваа точка ке го дадам акцентот-на здравата нутриција односно како до здрав начин на исхрана да обезбедиме квалитетна исхранетост на клетката и да се избориме со наметнатите отрови во исхраната како адитиви, вештачки бои, хормони, антибиотици итн
Затоа сакам да го разгледаме проблемот на автоинтоксикација дефиниран како:автотруење предизвикано од патогени микроорганизми, метаболитички отпад и други отрови произведени во внатресноста на нашето тело.

Просечниот нацин на исхрана во секојдневието се состои од храна со премногу презаситени и трансмасти, со ниско ниво на фибри-растителни влакна, рафинирана џанк фуд –брза храна која вклучува бело брашно, шеќер, сувомеснати производи, храна од конзерви, полуготова храна, адитиви, отрови во вид на појачувачи на вкусот, обезбедувачи на голем рок на траење итн. Згора на се –целата оваа таканаречена храна вклуцува минимално ниво на растителни влакна кои се главните промотори за елиминација на отровите од телото.Ваквиот начин на исхрана го доведува во прашање работењето на дебелото црево од кое зависи здравјето на нашиот организам. За да имаме имунитет кој добро функционира и ни го заститува телото од болести-дебелото црево треба да биде што е можно почисто.
Затоа треба малку повеке да имаме сознанија за функцијата на дебелото црево кое е последната станица од нашиот дигестивен тракт. Дебелото црево не е само депонија од метаболен одпад, туку има многу задолженија кои треба да ги заврши и да ни обезбеди добро здравје. Во него живеат над 700вида бактерии, но и габи и други микроорганизми. Сите тие ја помагаат дигестијата, произведуваат нутритиенти кои се животно важни, го обезбедуваат ПХ балансот(базно –киселинска рамнотежа), и превенираат зголемување на број на лоши бактерии. Микрофлората (добрите бактерии)на дебелото црево овозможува и многу други важни функции како:синтетизирање на фолна киселина, Б12 и други вредни состојки од примената храна. Во овие вредни состојки припага и витамин К и цела лепеза на Б комплекс витамини.Главни добри бактерии кои се содржат во дебелото црево се bacillus coli, acidophilus бактерии и тие живеат заедно со бактериите кои и не ни се баш пријатели, но за среќа преовладуваат добрите. За жал се повеке од луѓето го имаат нарушено овој баланс со внесување на нездрава харана во своето тело.

Автор: Цвета Динева (Сертифициран нутриционист во ЦД-Диет клуб)