ИН ВИТРО ФЕРТИЛИЗАЦИЈА – ДР. ЗОРАНЧО ПЕТАНОВСКИ
Што претставува вон телесното оплодување кај нас и во светот познато како инвитро?
Вон телесното оплодување е метода кај која се земаат гамети односно јајни клетки од жената и сперматозоиди од мажот , истите се оплодуваат надвор од телотот на жената и готовите ембриони се внесуваат во матката кај жената. Првото бебе од епрувета е донесено на свет во касните седумдесети од минатиот век. Тоа покажува дека оваа метода е релативно нова но истата внесе револуција во полето на стерилитетот. Како пример ќе ги посочам повоторно состојбите каде кај жената се обструирани јајоводите односно анатмоскиот пат на сперматозоидите и јајните клетки и иситите не можат да се најдат за да се оплодат, како и тешката олигоспермија и азооспермија каде е неможно да дојде до оплодување. Во минатото кај овие сотојоби не беше возможно да се дојде до бременост Сето тоа ин витро фертилизацијата го реши. Што се однесува на Макдонските центри за ин витро фертилизаација можам слободно да кажам дека се носат со било кој етаблиран Европски центар и во поглед на техничкиот и персоналниот и можноста за примена на новоте технологии.
Д-р.Зоранчо Петановски (Шеф на Центарот за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација – ИВФ во Ре-Медика Скопје).
Како е постапката? (контрацепција, стимулација, аспирација, оплодување, ембротрансфер-трансфер, тест за бременост).
Смата постапка на ин витро фертилизација оди во неколку етапи. Се започнува со контролираната оваријална стимуалција чија задача е да донесе оптимален број на фоликули , односно јајни келтки кои покасно ќе бидат ставени во процесот на вон теленсо оплодување. Самата постапка се сотои во апликација на хормони за раст на фоликулите. Ова не е едноставен процес и потребно е добро согледување и индивидуален пристап во дозирањето. Генерално кај постарите и кај оние со помала резрева потребно е да се дадат повеќе хормони додека кај младите и кај оние со богати јајници со фоликули како полицистичните јајници потребно е да се даде помала доза како превенција од хиперстимуалција, состојба која може да ја искомпликува и идната бременост но и може да даде компликации кај самата пациентка. Денес се користат модерни протоколи кај овие пациентки и техники на замрзнување на сите добиени ембриони за да се спречи појавата на бременост која е и еден од главните тригери на хиперстимуалцијата, за да во наредниот цклус се одмрзнат ембрионите и се вратат односно се направаи постопниран мебрио трансфер со што елегантно се превенира хиперстимуалцијата. Контролираната оваријална стимуалција се следи на два начина и тоа растот на фоликулите со вагинална ултарсонографија и се земаат нивоата на репродукативните хормони. Кога големината на фоликулите ќе достигне одредено ниво се дава така наречената стоп ињекција односно се прави финално зреење на јајните клетки. После одреден веременски период во саати се организира пункција и аспирација на фоликулите. Генерално добро е да се направи истата во краткотрајна анестезија заради комодитет на самата пациентка. Во овој процес се каласифицираат јајните клетки се гледа нивниот квантитет и квалитет , и потоа се ставаат на оплодвање со спермата која партнерот ја оставил истот ден. Следнот ден се прати процентот на оплдувањее и квалитетните ембриони се следат до 3 тиот или 5 тиот ден најчесто кога и се прави ембрио трансферот. Ембрио трасферот е процедура каде се става одреден број на ембриони во празнината на матката под ултразвучна контрола. Со тоа завршува самиот проце на ин витро фертилизација. Се дава заместителна терапија кајчесто е прогестеронска заместителна терипија и се чека 14 дена за да се направаи тестот за бременост. Секао дека кај постарите пациентки успехот е помал само заради напередната возраст Во Маледнија нема возрасно ограничување за правење на ин витро фертилизација, но кај пациети со силно нарушена оваријалан резерва се преопрачува процес на донација на јани клетки кој е легален во нашава земја. Во Македонија сеуште има повисока возрасна структура на пациети кои доагѓаат за вон телесно оплдување. Тоа е резулатт на вакумот кој претходно беше кога немаше силни ин витро центи. Од оваа година ние воведовме метода која им дава одредена надеж и на тие пациенти да имаат бременост со свои јајни клетки а не со донација. Имено станва збор за метотада на рејувенација која ја воведовме и кратко кажано тоа е подмалдување на јајниците кај оние жени чија оваријалана резрева е силно намалена . Првите рзултати се охрабрувачки имаме бременост кај пациенти во напредната возраст и со многу претходни неуспаешни ин витро обиди. Методата на ин витро може да се повторува но треба да следат одредни состојби кај пациентката као функцијата на хепарот, преглед на дојки . Бебињата од ин витро фертилизација немаат посбен ризик за разлика од другите бебиња зачнати по нормален пат.
Пишува:Д-р.Зоранчо Петановски ( шеф на Центарот за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација – ИВФ во Ре-Медика Скопје) .



