Здрави бомбици од хељда
Бомбици од Хељда(Елда). Ова е еден од најдобрите и брзи рецепти на нашиот драг соработник Љупче Бубе Трајчев. Тој е поборник за здрава и органска храна и здрав начин на живот. Од неговата кулинарска работилница за читателите на метаболизам.мк денеска издвојуваме нешто превкусно.
– 200 гр. преку ноќ киснета Елда (Хељда)
– По 50 гр. бадеми, лешници и ореви
– 5-7 урми
– 3 суви сливи
– 1 рака суви јаболки
– 2 лажици кокосово масло
– 1 лажица мак
– 1 лажиче рогач
– 1/2 лажиче цејлонски цимет
– 1 прстофат мелено каранфилче
Кртко се мелат бадемите оревите и лешниците, се вадат и се ставаат во садот за месење, потоа се мелат сувите сливи и сувите јаболки, или ситно се сецкаат и се додаваат во садот, Елдада се измива добро во цедалка и се меле во блендер заедно со макот, циметот, рогачот и каранфилчето, урмите се чистат од семка, се додава кокосовото масло и убаво се замесува како тесто, се прават топчиња и се валкаат во овој случај во рогач, кокосово брашно или мелени јатки комбинациите за бомбиците се безбројни со суво грозје, гоџи… и сите суви овошја и јатки, најбитно да се употреби елдата сирова затоа што така е најздрава, Вкус ПРЕКРАСЕН ! Време на подготовка 15 минути.