Дали поинаквото мислење е здраво, или не?
Параноидни состојби
(„Едно поинакво мислење кај поедини луѓе“)
За да се одговори на ова комплексно прашање кое е многу често застапено во менталното здравје кај луѓето треба да се разгледа што претставува психичката нормалност и со кои атрибути се карактеризира, а пота да се разгледа какви симптоми ја карактеризираат психичката ненормалност на менталните болести.
Параноидните состојби ќесто се опсервираат кај душевно болни, но и кај душевно здрави лица, по правило после 30тата година од животот. Луѓето обично долги години не им обрнуваат внимание на тие состојби, но кога тие се добиваат на интезитет дали во кругот на семејството, или работната средина, тогаш лицата или околината бараат психијатриска помош. Таквите „поинакви“ мисли или постапки, се однесуваат на релацијата помеѓу поединецот и средината, најчесто помеѓу сопружниците, родителите и децата, претпоставените и вработените, поединците и институциите, а тоа доведува до нелагодност, агресија или бес кај луѓето при вакви состојби.
Што претставува психичка ненормалност?
Психичката ненормалност како крајност се нарекува психоза, а тоа е состојба кога постои целосен губиток на реалитетот. Психозата се одликува со опседнатост со одредени мисли или активности, халуцинации, промени во ритамот на спиењето, апетитот, изолација од друштвото, незаинтересираност за себе, како за изгледот, така и за личната хигиена, нерационален говор, промени во емоционалниот и нагонскиот живот и др.
Што се подразбира под поимот психичка нормалност:
А) Нормалност како здравје
Б) Нормалност како просек (Психодинамско одредување на нормалноста:
- Нормалност како способност на оптимална интеграција со околината
- Нормалност како способност на прилагодување
- Нормалност како идеално замислена појава.)

Но што станува кога еден човек со своето поинакво мислење не се вклопува во двете крајности, иако проблематично функционира?
Тогаш велиме дека има чудно мислење кое се дефинира како параноидно или параноично: На пример, родителите тврдат дека децата се непослушни, а децата не се разбрани од родителите, или еден од сопружниците е постојано неосновано љубоморен или сомничав кон другиот. Во работните средини постојат постојани латентни конфликти на навреди помеѓу лицето кое поинаку размислува од неговите колеги или претпоставени, кое понатаму резултира со омраза, уцена итн.
Ваквите состојби доколку во својот нтензитетет не се силни или опасни, или не им го реметат нормалото фукнционирање, таквите лица долго функционираат, иако со проблеми, но кога интензитетот ќе се зголеми, тогаш лицето, или непосредната околина, ќе побара психијатриска помош.
Параноидни состојби- се нарекуваат кога кај пациентот преовладува поинакво мислење или однесување од околината, а терминот произлегува од Paranoja- para=вон + nous=мислење, разум; една или збир од налудничави идеи, кои обично траат долго, или доживотно.

Какви видови на параноидни состојби постојат?
-Кај психози( параноидна шизофренија)
-Параноја (доживотна систематизирана лудост кај сочувана личност со исти идеи на љубомора, еротоманија, прогонување)
-Налудничави растројства кај параноидно структурирани личности.
-Парафренија (се јавува во 5та или 6та деценија од животот и почесто кај жени)
– Инволутивна параноидна состојба ( со почеток после климактериум со налудничави идеи и депресија, свеста и интелигенцијата се сочувани)
-Параноидни состојби кај алкохоличари, наркомани или други органски болести на мозокот.
– Реактивни и акутни пасихогени параноидни состојби кај неуротични или здрави луѓе (налудничавите мисли или идеи траат најмалку три месеци, често се настанати поради нерасрешени психосоцијални или психосексуални (почести) конфликти, а дијагозата не може да се постави ако има присутни халуцинации или шизофрени симптоми, или симптоми на мозочен органски синдром.
Општа карактеристика за сите клинички форми, е присуството на парадноидни или параноични мисли или идеи. Доколку налудничавоста е систематизирана и логична, тогаш велиме дека станува збор за параноичност, а ако таа не е систематизирана, велиме дека се параноидни.
Овие заболувања можат да бидат акутни или хронични (доживотни).
Нивното диференцирање и терапија се предмет на невропсихијатријата.
Лекувањето е многу благодарно и успешно.

Пишува: М-р сци. Д-р Никола Стерјоски, невропсихијатар во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово
Е-маил: nikola.stejoski@medicaistanbul.mk



