Денес сите се плашат од глутен,вишок килограми,  дебелина, дијабетес и други зла на денешницата. Нашата препорака е да ги надминете сите ваши стравови и храбро да се препуштите на здравиот начин на живот, пред се на здравата исхрана. Ви предлагаме одличен здрав и вкусен леб кој пред се не дебелее!!!   Нема да ви треба брашно.

 

 

 

Ви треба:

 

– 4 јајца,

– 100 ml вода,

– 90 грама ореви,

– 90 грама лененово семе,

– 90 грама семки од сончоглед,

– 90 грама семе од сусам,

– 90 грама семки од тиква ,

– малку сол,

– половина од кесичка сода бикарбона

 

Изматете ги јајцата и додадете ја  содата  и водата, потоа сомелете ги сите семиња (направете ги ко брашно) и со нив замесете го лебот.  Печете 50 минути на  180 степени. Уживајте во одличниот вкус!

 

Извор:Стил