Наш предлог за денеска е да ги изненадите вашите најдраги со превкусни и здрави бомбици од јаткасти плодови. Ова е многу лесен десерт кој нема да ви одземе многу време за подготовка а ќе уживате во нивниот вкус. Денеска тргнете ги чоколадата подалеку од вашите деца и подарете им вистинско задоволсто кое ќе ги потсетува на детсвото!

Потребно ви е: 
1. Јаткасти плодови по избор – Бадеми, Лешници, Ореви …
2. Суво овошје по избор – Сува Слива, Кајсија, Јаболка, Грозје
3. Сусам
4. Меки урми

Начин на подготовка: 
Се блендираат кратко да се иситнат или се сецкаат ситно јаткастите плодови и сувото овошје и се ставаат во сад, се додава сусамот и урмите кои претходно се излупени и им е отстранета семката и неколку капки сок од лимон, се убаво се меси рачно да се изедначи и се формираат бомбици по желба, се валкаат во какао или кокос. Нашиот соработник Љупче Бубе Трајчев направи превкусни бомбици за редакцијата на Метаболизам.мк ние уживавме во нивниот вкус и најтопло ви препорачуваме да ги направите!