Од здравата работилница на нашиот соработник Љупче Бубе Трајчев за оваа недела неговиот предлог за десерт е здрава и вкусна торта која не се пече а времето кое ќе ви го одземе за подготовка е не повеќе од 5 минути!!!  Љупче тортата ја нарекол 69, поради безодразно добриот вкус 🙂

Еве што се ви е потребно за тортата:
за тестото потребно е:
– 20 урми,
-200 грама лешници
-малку сок од портокал
-малку свежа ванила
Лешниците кратко измелете ги и соединете ги со 20-те урми (предходно исецкани)  се додаваат сокот од портокал и ванилата и се заедно се замесува. 

За да направите вкусен  шлаг потребно ви е:
– 2 банани
– 200 грама замрзнати јагоди,
– 10 исчистени свежи шипинки,
– 2 лажици кокосово масло
Сите состојки за шлагот се блендираат заедно и се нанесуваат на тестото
Се наросува со какао или рогач
Се остава на ладно најмалку половина час
И ви препорачуваме да уживате во неверојатниот вкус!