За нас

Потребата од метаболизам.мк се наметна природно после една година од радио емисијата  „РадиоМетаболизам“ на Скај Радио 102,5 фм.  Оваа емисија е финансирана од Фармаген-Скопје. Соработката со докторите, објавите на темите од областа на здравството, нутриционизам, спорт, убавина, здрав животен стил покажаа голем интерес кај слушателите. Природно се наметна потребата да го зголемиме тимот, да ги прошириме хоризонтите и пошироко да ги премесеме информациите кои секојдневно пристигнуваат до нас, соработката со докторите да ја продлабочиме на едно повисоко ниво, чии совети и препораки ќе можете да ги прочитате, видите, примените.

Нашата мисија е да превенираме и спречиме многу болести, секојдневно да ве надградуваме со информации поврзани со здравјето, здраво тело, здрав дух, да ви препорачаме спорт и да ве насочиме кон здрав животен стил.

Ние сме тим на ентузијасти, кои сакаме да ја промениме свеста кај луѓето дека здравјето е најважно.  Ниту едни пари на светот, амбииции и  кариера  не вредат ништо во моменти кога сериозно е нарушено здравјето. Сакаме да ве насочиме да бидете внимателни кон себе, да се грижите за сопственото здравје, затоа што здравиот човек има илјада желби а болниот само една –да оздрави. Затоа навреме дејствувајте!