Вовед

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА МЕТАБОЛИЗАМ.МК

Сите ние се раѓаме со среќа и со неа го живееме животот. За да бидеме исполнети, задоволни од себе , едноставно да бидеме среќни ќе треба да сакаме да бидеме среќни и да знаеме како да ја носиме и споделуваме  среќата насекаде околку себе.  Среќата не е во судбината на животот (како што и многумина си префрлуваат)  туку тоа е во начинот на секојдневното живеење, таа е прашање на волја и избор, колку повеќе ќе ја продуцираме и споделуваме толку повеќе ја уживаме, ја имаме покрај себе. Сигурно и знаете дека среќата е единствената работа која се множи кога се дели J  Во среќата се соединуваат повеќе нешта како доброто расположение, доброто здравје, ведриот дух, чистиот ум и надежта која никогаш не треба да ја напуштиме.

Верувајте во себе, градете ја сопствената среќа, преку грижата за сопственото  здравје, преку грижата и негата за себе и вашите најдраги. Сакајте се себеси за да бидте сакани од другите.  Целта за постоењето на веб страната www.metabolizam.mk  е пред се  достапност на информации поврзани со  грижата и негата на здравјето на луѓето, за убавина, спорт, нутриционизам и други слични рубрики.  Со акцент за разни видови на заболувања. Живееме во ера на лесно достапни информации  кои за жал можат да бидат и невистинити,  во ера на низа модерни и тешки заболувања, во време кога за многу болести се помествува старосната граница за потенцијални заболени и кога голем број на деца се раѓаат со одредени вродени или подоцна стекнати  аномалии. Нашата визија е  преку оваа веб страница да дадеме  одговор за многу заболувања и  болести, страница  која секојдневно ќе ве храни со информации и ќе влее доверба, ќе вдахне надеж, ќе  ве охрабри да посетите  доктор да се превенира или спречи одредено заболување.

 

МЕТАБОЛИЗАМ.МК   ќе одвои простор за повеќе теми поврзани со здравјето и здравиот животен стил. Преку различни рубрики би саклае секој од вас да си се спронајде себеси, да добие стручи информации и практични совети од еминетни доктори кои се наши соработници. Би сакале да ви се заблагодариме што сте посетител на сајтот и да им заблагодариме и на сите стручни  соработници кои постојано не надополнуваат со своите објави.

 

Со почит.

Тимот на метаболизам.мк