Позитивна енергија, натпреварувачки дух, желба за себе промоција и успех, викендов во прекрасното Берово беше незаборавно и исполнето!  Со најубава енергија заврши меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“. Два дена во Спортската сала Македонски Бранители во Берово силите по пинг понг ги измерија 76 играчи од пет земји како Македонија, Бугарија, Србија, Косово и Грција. Организатор на турнирот е Пингпонгарскиот клуб Зегин, под покровителство на компанијата Зегин која за најдобрите издвои одличен паричен фонд.

Тренерот на клубот Јован Ковачовски пред новинарите го искажа своето задоволство од посетеноста, интересот и амбицијата на учесниците како за прва организација. Во план е следната година овој турнир да влезе во календарите на сите федерации, да биде на Европско и Светско ниво.

Господинот Благој Механџиски јасно ги истакна своите планови и амбиции да се помогне на градот Берово и Македонија преку промоција на овој спорт, да се биде присутен на врвот на Европа и во Светот.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски беше среќен што Берово и Македонија се препознаени преку пингпонгарскиот спорт, на тој начин се афирмира и овој мал град преку спортот кој дава голема надеж.

Во продолжение ви ја објавуваме листата на победници од Првото Издрание на Меѓународниот турнир по пинг-понг “Зегин Опен 2022„

Победници во категоријата на Сениори (мажи)

  1. Милош Миленковиќ
  2. Фатих Карабаџаку
  3. Кристијан Станојковски

Ѓорѓе Петровиќ

Победници во Категоријата сениори (Жени)

1.Хасанова Дамла

2.Драганова Кристина

3.Николов Уце Амелија

Радак Сара

Победници во категоријата на Јуниори (Мажи)

  1. Фатих Карабаџаку
  2. Теодор Волканоски
  3. Александар Јакимовски

Ѓорѓе Петровиќ

Победници во Категоријата на Јуниори (жени)

1.Хасанова Дамла

2.Радак Сара

3.Стојановска Ана, Деспина Ампа

Наградниот Фонд за сите учесници заедно изнесуваше 5000 евра, а организаторите за следната година најавија поголем фонд на награди.