Сите Ве прашуваат што значат медалите од последното учество на Мистер Олимпија, и секако дека ова е голем успех не само за Вас туку за Македонија, она што би сакале да знаеме е како после успехот ?

Тоше : Какко и секој спортист кој сонува еден ден да го достигне врвот во својот спорт така и јас повеќе од 25 год го работам ова со премногу љубов и желба еден ден да се најдам токму на бината на Мр Олимпија. Мр Олимпија е натреварување кое што постои од 1965 год и самиот факт дека г-от Арнолд Шварценегер бил 7 пати шампион на Мр Олимпија ни кажува каква тежина има оваа натреварување. Се натпреваруваме веќе две години по ред на Мр Олимпиа Аматер во Америка и конкуренцијата беше навистина преголема. Единатвена надеж ни беше да изработиме профеионално една цела година со некој од најдобрите тренери во светот па да се надеваме на некаков успех. Така стапивме со соработка со еден од најдобрите тренери моментално во светот Мауро Саси од Италија и задно се него цела година напорно работевме . Мислам дека немаше натпреварувач што повеќе од мене го посакуваше тој медал на оваа натреварување така што после доделувањето на медалот со Габи еден час не можеа да сопрат од нас тие солзи радосници, тие прекрасни емоции. За ова живеев и конечно го добив тој медал во рака. Уште по среќен и горд ме прави тоа што сме првите Македонци /учесници  и првите кои што земале медал!

Подготовките Ви беа тешки како и пред секој натпревар, од што се се одрекувате за да бидете дисциплинирани а успешни?

Тоше: Спремањето за овој натревар ни започна веднаш после враќањето од Америка што значи повеќе од 7 месеци бевме на строга натпреварувачка диета во која што освен пилешко,риба,белки, малку ориз и сладок компир немавме баш ништо! Се придружувавме на многу строг режим што три месеци немавме ни зеленчук во нашето мени. Да одиш на свадба а да си носиш риба со себе или да одиш на одмор каде што има се околу тебе за јадење а да јадеш риба, треба навистина да си карактер каков што бевме.  Навистина за оваа натреварување бевме 100% фокусирани и дисциплинирани.

Габи колкава е жртвата што треба да ја даде една жена за да му даде поддршка за сопругот, да се мотивира себе си и да се биде покрај децата и милениците?

Убаво кажано. За се треба да се потрудиме. Бракот е работа, работа и само работа на нашиот однос. Според мене довербата и поддршката се најважните столбови. Ако тој не ми дава поддршка тогаш од кого да очекувам или обратно? Семејството ни е на прво место. Секогаш е тука за мене, јас го поддржувам него и тој ме поддржува во се што мисли дека е правилно. Спортот бара напорна работа, па мотивацијата е клучот за успех. Тука на прво место е љубовта кон мојот сопруг и тоа што заедно го работиме. Успехот, упорноста, трудот што го вложувам исто така ме мотивираат. Знаејќи дека мојата напорна работа и упорност ќе ми помогнат да постигнам поголем професионален успех е исто така она што ме одржува понатаму. Децата се наше огледало, а ние нивни идоли. Се трудиме да бидеме родители со позитивен пристап и позитивни односи кон нашите деца се со цел да ги научиме на одговорност, соработка и самодисциплина. Домашните миленици носат огромна радост во многу домови. Нивната несебична љубов создава позитивна енергија која исполнува и тие стануваат незаменлив член на семејството.

Со последното учество се вративте со најголем успех, на што се должи? Дали можеби промената на тренерот кој го спомнавте? Тренинзите? Или големата дисциплина?

Тоше: Како што веќе напоменав, за да успееме да земем медал на ова престижно натпреварување, да се квалификуваме во топ 5 навистина требаше да дадеме максимално од себе. А за дадеме максимално од себе требаше да работиме со еден од најдобрите тренери во светот. На последното натпреварување во Америка остваривме контакт со Мауро Саси и ја започнавме нашата соработка за која вредеше зоштоведнаш се видоа резултатите. Припремите започнаа веднаш после враќањето од Америка и навистина Мауро Саси е еден голем професионалец кој што направи големи промени во нашата искхрана и нашите тренинзи. Покрај тоа што навистина ја извадивме мојата најдобра форма во овие 25 години каде што се натпреварувам, уште поголема задоволство ми претставува тоа што многу научив од него. Нашета соработка продолжува за натпреварот во Америка оваа година, па се надеваме за некој нов успех.

Кога зборуваме за последниот успех што го освоивте што прво Ви паѓа на ум? (споделете ја радоста, емоциите и реакцијата на колегите и блиските)

Габи: Неизмерна радост и среќа и многу солзи радосници. Доста емотивна личност сум по природа и многу пати имам заплакано во мојот живот. И за убаво и за лошо. Но, вака како на последниот успех никогаш до сега се немам израдувано. Кога се качив на бината, кога го добив првиот медал, тој посакуван медал на моите гради,со , дека очите насолзени, се сеќавам силно вдишав и во истиот миг во себе си реков дај боже да успее и Тоше дај боже да доживее ваква среќа, да се радуваме на заеднички успех. Со поглед го барав Тоше, бидејќи знаев дека и тој е среќен се гордее со мене. Следеше и вториот медал. Но, веќе не беа истите емоции. Денот беше долг. Чекајќи ги резултатите на Тоше во следните два часа во неизвесност, за момент ги заборавив моите успеси. Моментот кога го прогласија за финалист, кога го доби и тој медалот, верувајте мислам дека немаше посреќен од него и посреќна од мене. Тоа се моментите кога спортистот сфаќа дека е на самиот врв и дека конечно му се исплатил сиот труд кој го вложил во тренингот, сите пропуштени важни моменти во животот… не можев да се запрам, солзите сами ми течеа, викав на цел глас, но воопшто не ми е гајле дали некој ме гледа и се чуди за мене. Јас и тој бевме со медали. Честитки за постигнатиот успех добивме многу, од семејството, од нашите најблиски, знајни и незнајни пријатели.

 Еден предизвик успешно е  поминат, се спремате ли за некој нов настан?

Тоше: Да, нашите припреми продолжуваат и понатаму, направивме само кратка пауза од неколку денои и заедно со нашиот тренер веќе се направени плановите за нашите подготовки. Следниот наш предизвик е Mr Olympia Amateur кој што ќе се одржува во Лас Вегас. И навистина оваа година мистер Олимпија се најавува како еден од најголемите спектакли во светот на фитнесот која што исто така ќе го има најголемиот Експо за фитнес во светот. Овој голем настан ни пречинува големо задоволство што ќе учествуваме таму и ќе имаме можност да се запознаеме со сите оние познати луѓе од светот на фитнесот.

Габи, Вие сте типичен пример за жена борец и жена која со упорност го добива тоа што го сака, што ќе ги советувате сите жени?

Габи: Сечиј живот е уникатен. Едноставно, живејте и прифаќајте ги работите како што доаѓаат. Животот нема реприза, во животот нема правила кои можат со сигурност да ни донесат задоволство. Некои луѓе се упорни и лесно ги остваруваат сопствените цели, а на некои тоа им оди потешко и не се баш одлучни. За мене и невозможното е возможно, се трудам да бидам вистински борец во секој аспект од животот. Одењето на работа, семејните обврски, сопруг, деца, вежбање, не е само да имаме идеја за тоа што сакаме да го оствариме, туку да знаеме како, кога и кој ќе ни помогне во тоа. Кога се се планира точно до час, целта е секогаш остварена. Може е чудно за мојата одлучност, упорност и прецизност, но единствено така ќе бидеме сигурни во успехот. Успехот не е случаен, тоа е тешка работа, упорност, учење, жртва и најмногу од се љубов кон она што го правиме или учиме да го направиме. Не знаеме што ни носи животот утре. Секој ден учиме да живееме. Сами си го одбираме патот по кој ќе одиме. Животот е лекција која секојдневно ја учиме и секојдневно ќе ја учиме. Не треба да ни е се совршено во животот за да бидеме среќни и да се цениме себе и се околу нас. Треба само да сме благодарни и среќни со тоа што го имаме. Да запомнеме дека најдобрата животна лекција се учи во лоши времиња и кога човекот прави грешки. Уживајте во животот и ценете го она што го имате.

Вашиот пример го следат многу млади луѓе, Ве следат на социјалните мрежи како свои идоли, вежбаат во Вашата теретана во К.Вода, што ќе ги советувате?

Тоше: Сите млади секогаш ги советувам и ќе продолжам да го правам тоа да сонуваат за големи достигнувања бидејќи нема сон кој што не може да се оствари но само ако напорно работи на истиот. Треба упорност и истрајност. Јас повеќе од 25 години го работам ова. Многу пати сум сакал да се откажам, но токму таа мотивација, таа внатрешна сила и енергија ме водела напред и мислам дека токму таа моја упорност е заслужна за ова што сум денес.

 За жал многу млади деца имаат проблеми со прекумерна тежина, што ќе ги советувате родителите?

Тоше: Во денешно време, во време на дигитализација, кога навистина сите млади секојдневно се опседнати со нивните телефони, лаптопи и компјутери, а се помалку имаат физичка активност а притоа исто така имаат огромна поддршка од нивите родители околу тој нездрав начин на живот, најдобронамерно би ги советувал сите родители најпрво да се запрашаат самите себе си што прават добро за самите себе, а со тоа исто да ги мотивираат и нивните деца. Дали ние како родители сме свесни за здравата исхрана и спортот, и неговото влијание на нашите деца? За да бидеме добри родители треба да бидеме и добар пример за нашите деца, а за да бидеме добар пример треба барем малку ние да водиме сметка за начинот на исхрана, начинот на спортување и нашите навики низ животот. Затоа, ние како родители не можеме да појадуваме нешто не здраво а нашите деца да ги принудуваме да јадат здрава храна. Не можеме да седеме дома а да немаме никаква физичка активност и да бараме од децата да бидат спортски активни. Токму така поради ова, ние како родители треба да ја подигнеме свеста кај децата на високо ниво, така што прво ќе започнеме од себе како добар пример за сите околу нас.

 

Габи, од која возраст е најсоодветно да го обликуваат своето тело девојчињата? (одлуката за одреден спорт е едно но теретаната е друго).

Габи: Особено во денешно време, многу е важно децата и адолесцентите да имаат доволно вежбање, бидејќи нашите услови за живот и секојдневниот живот тешко го дозволуваат тоа. Ограничените услови за живот и начин на живот, во кои возрасните возат повеќе автомобили наместо да одат, а децата повеќе да седат пред телевизор, компјутер и сл. Наместо да се движат, придонесуваат за ова. Покрај тоа што е важно за физичкиот и психичкиот развој на децата, спортувањето е начин на живот. Децата кои уште од најрана возраст се занимаваат со некаков спорт полесно развиваат самостојност, одговорност и концентрација. Важно е да се напомене дека децата не треба да одат во теретана пред да наполнат 16 години. Покрај тоа, треба да вежбаат само со нивната тежина без дополнителен товар.

Кевин Леврон ја посети нашата земја, по кој повод?

Тоше: Kevin Levrone е еден од најголемите имиња во светот на боди билдингот и фитнесот и на вистина е чест да се пречека тој великант во најаша земја. Тој повеќе пати има доаѓано во Македонија така што стекнавме едно вистинско пријателство на кое што сум посебно горд. Оваа година дојде по повод отварањето на новиот The Strongest Shop во кои што се исто така застапени неговите производи за кои  јас сум бренд амбасадор за Македонија и тоа ми причинува уште поголемо задоволство.

 

Видовме снимки и слики во Ваше друштво, го посети и домот на Зафирови, пееше со Вашиот син Баже, колку Ви значеше неговата посета и таа близина со ова популарно име во билдингот и спортот?

Тоше: Да, токму така, оваа година го посети и нашиот дом и заедно со мојот син Блаже отсвирија и испеаа неколку песни, бидејќи како што знаеме Кевин покрај боди билдингот е и музички доста активен и кога правеше привремена пауза од боди билдингот беше посветен на музиката. Тој е посебно воодушевен од Блаже и имаат навистина прекрасна комуникација така што и знае често пати да му се јави од Америка (телефонски) и да поразговараат. Кога еден така голем човек како Кевин Леврон со таква големина во светот на боди билдингот а со таква едноставност што ја има во себе, човечност, навистина претставува еден голем човек, како и неговата посета во нашиот дом е од посебно значање за сите нас бидејќи сепак во домот секогаш ти доаѓаат најблиските а ние и него го сметаме како дел од нашата фмилија.

Во една од снимките Вие Тоше го нарекувате својот идол, какво беше чувството да се биде покрај своите идоли?

Тоше: Да токму така, и денес да отидете во Неготино во мојата соба каде што сум спиел, се уште има залепено постер од Кевин Левроне и токму тој беше еден од причините поради кои што почнав да се занимавам со боди билдинг. Бидејќи имаме и физичка сличност со него, уште кога почнав да вежбам многумина знаеа да ми кажат дека личам на Кевин Левроне и тоа ми беше вистинска голема мотивација за мене. После 20 години навистина дојде и тој ден да се запознаеме во живо, да бидеме добри пријатели со Кевин, да бидам негов бренд амбасадор, да биде гостин во нашата куќа да биде во добри односи со целото семејство и навистина нема поубаво чувство од тоа својот идол од пред 20 години да го видиш седнат до тебе во сопствениот дом. Исто така и минатата година кога бевме во Америка на Мистер Олимпија, Кевин виде од мојот Инстаграм дека сме таму и ме побара телефонски да му се приклучиме. Два дена поминавме со мојата сопруга кај неговиот штанд. Јас просто бев воодушевен затоа што имаше колони подолги од 500 метри, на кои што луѓе чекаа со часови и часови само да се поздрават или да се сликаат со него. Затоа често им препорачувам на сите млади да бидат упорни, да сонуваат, затоа што нема соништа што не се остваруваат, само треба напорно да работиме на нив, никогаш да не се откажуваме, да бидеме упорни и секогаш да се водиме кон целта што сме ја зацртале во својата глава без разлика дали станува за спорт, работа, музика, или било што друго. Само упорноста и истрајноста ќе ни овозможат да стигнеме до врвот.

Тоше, разбравме дека подготвувате нова книга. Се работи за „Патот до Олимпија“, накусо може ли да ни дадете некои детали?

Во месец Октомври планираме да правиме голема промоција на мојата книга ПАТОТ ДО ОЛИМПИЈА, книгаво  која има опис на мојот живот откога сум роден во моето родно место Тимјаник па се до ден- денеска кога го освоив медалот на Мистер Олимпија Аматер. Оваа книга е доста поучна за многу млади, во неа ќе можат многумина да се пронајдат и напорно да работат за да ги остварат своите цели. Во книгата е опфатен буквлано целиот мој живот, вклучувајќи мои тренинзи, разни применети диети, многу мои патувања, натпреварувања и многу животни искуства. Така што, месец октомври ќе биде месец каде што македонската јавност ќе биде збогатена со уште една навистина прекрасна книга.