Скоро десетина дена се  отворени теретаните во нашата земја. Откако започна вакцинацијата, и откако се  инамалува бројот на заболени од Ковид вирусот, владата одлучи да им ги отвори портите на теретаните.   Сеуште важат строгите правила за хигиена и проверка на објектите, ограничен број на посетители како и секој да си носи своја чиста опрема и крпи за бришење. Најшиот нај познат боди билдер и фитнес инструктор Тоше Зафиров за метаболизам.мк вели дека изминативот период беше многу тежнок период. Сега препорачува по голема грижа и одговорност во теретаните.  Тој е сопственик на  една од најпознатите теретани во Скопје- Гладијатор. На нашето прашање како ќе работат теретаните по отворањето кусо ни го изјави следното:

Кога станува збор за фитнес, теретана, здрава исхрана се подрзабира еден здрав начин на живот, здрави навики кои што ги носиме со себе низ целиот живот . Сите ги знаеме позитивните страни на вежбањето на било кој спорт не само фитнес ,сите ги знаеме придобивките на здравата исхрана не само за нашиот изглед напротив а за нашиот внатрешен изглед на секој нас орган. Посебно со Коронава сфативме што значи прекумерената тежина и колку може таа да биде кобна и мислам дека свста кај многу луѓе е подигната на едно друго ниво . За време на коронатаа фитнес центрите два пати беа затворани и тоа навистина многу негативно се одрази посебно кај нас кои што со години наназад посетуваме фитнес центри . Многумина знаат да кажат вежбајте на отворено. Да и јас се согласувам но навистина огромна е разликата помеѓу теретаната и надворешните услови за вежбање. Кога си во теретана точно се знае која мускулна партија се вежба ,точно се знае со која брзина се движиш при трцање или одење на трака додека надвор како и сите други можеме самите да си забушаваме.

Јас сум убеден дека покрај нашиот фитнес центар сите фитнес центри се придржуваме кон мерките и само така можеме да се избориме од оваа зло и да можеме слободно да си вежбаме и рекреираме. Сега од кога повторно ни се отворени фитнес центрите навистина од срце ги замолувам сите ние да се грижиме за нашето и здравјето на сите околу нас така што сите мерки да ги припазуваме од мерење температура, носење пешкир, чисти патики, држење растојание, пребришување на секоја справа после употреба, дезифекција на истите. Само така сите како вистински спортисти и амбасадори на спортот можеме да бидеме пример како треба да се однесува секој од нас .

Неодамна Тоше Зафиров ја промовираше негаовата нова програма за Детокс Диета за која има голем интерес и неверојатни резулатити за кус временски период. Социјалните медиуми се преполни со коментари од задоволни клиенти.

 

Фото:ФБ (Приватна архива на Тоше Зафиров)