Денеска 20-ти Септември е  Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата! Од здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања на Република Македонија – Раст постојано потсетуваат дека само со  две мерења на висината годишно, може да се промени животот на  детето!!!

Денеска глобално се одбележува овој ден и по тој повод  се организираше прес конференција преку која Александар Петрески (Претседателот на Здружението Раст) упати еден голем апел до сите родители и релевантни институции да не ги занемаруваат децата со намален раст, да се влијае на свесноста кај родителите и наставниците. Доколку едно дете ја носи истата облека неколку години по ред и споро ја надраснува тоа треба да ви преставува еден показател за да се направи консултација со ендокринолог. Вируелно-визуелно е кампањата која повторно ќе ја активира ова здружение и упатија јавен повик до сите релевантни институции да ја дадат својата поддршка за да им се помогне на што е можно повеќе дечиња.

Аспазија Софијанова (директорката на Клиника за детски болести) која присуствуваше на пресот ја даде својата поддршка заедно со заменик  министерот за здравство Д-р.Владимир Рендевски кои ги ветија свите заложби за придонес во кампањата за рано подигнување на свесноста во Раст која ќе биде наменета за здравствените работници и негувателите во градинките низ Македонија.

Погледнете ја видео пораката на Александар Петрески за актуелната кампања!

http://https://fb.watch/fFdCZhcitl/