Познатата фитнес инструкторка Наде Василевска и денеска ве потсетува за редовното вежбање. Денеска ви препорачува  6 вежби за сите кои седат повеќе од 3 часа во денот 

Наде:Секогаш бидете свесни за моменталната положба на вашето тело.

Канцелариската работа и долгото седење во неправилна положба на телото може да предизвика болки во грбот и вратот како и искривување на ‘рбетот.

Со помош на вежбите кои ќе ви одземат 10 минути ќе ги истегнете и зацврстите мускулите на грбот и ќе ги превенирате повредите.

Покрај тоа ако внесеме повеќе калории, а сме статични подолго време во денот тоа ќе предизвика дебелина која ќе ги зголеми болките во колената и грбот.

Затоа на секои 20 минути станете и направете неколку чекори и кратко истегнување.

Паузата на работа искористете ја во движење!

Вежбите применувајте ги секој ден.