Говорот е средство за комуницирање со луѓето.  За  нормален говор кај децата потребни се низа органски, психички и социјални причини. Многу е важно кога разговарате со вашето дете да бидете внимателни слушачи. Со големо значење и внимание да слушате што има и сака да ви каже. Ја контактиравме М-р.Ивана Урдаревиќ- логопед, денешната тема од неа е Логопедска дијагностичка постапка.

Систематското собирање на податоците е од големо значење за говорното однесување на детето.

  1. Формирање на досието
  • Општи податоци за детето и неговото семејство
  • Податоци за таткото, мајката, браќата, сестрите и останатите роднини за нивниот говор
  • Податоци за физичкиот развој на детето
  • Податоци за развојот на говорот и говорното однесување
  • Логопедски наод
  • Наод од други стручњаци
  • Дијагноза
  • Прогноза
  • Планирање на терапија
  • Ретестирање
  • Следење на развојот
  • Резултати

  1. Собирање на логопедски наоди
  • Испитување на субјазичните функции
  • Испитување на функцијата на периферните говорни органи
  • Испитување на говорот и јазичните модалитети
  • Испитување на секундарните манифестации – цртање, читање, пишување
  1. Логопедска клиничка хипотеза

Логопедската клиничка хипотеза е потребна од две причини..

  • За да му помогне на логопедот да ја одбере постапката и тестовите со кои најчесто ќе ја открие суштината на говорно – јазичните проблеми на детето, функциите кои ја условуваат таквата состојба и функциите кои можат да се користат за надминување на постоечките тешкотии
  1. Логопедски тестови

Критериуми за избор на логопедските тестови

  1. Цел на евалуацијата
  2. Должина на расположливо време за евалуација
  3. Природата на присутниот проблем во комуникацијата
  4. Возраста на објектот за евалуација
  5. Нивото на интелегенција на објектот на евалуација
  6. Објективни услови за евалуација
  7. Едуцираност, стручност на логопедот

При изборот на тетсовите , тргнувајќи од основните критериуми, мора да се земат во предвид следните фактори..

  • Дали тестот обезбедува дијагностички информации до кои не може да се дојде со помош на други дијагностички постапки
  • Дали можат да се дадат инструкции без долги објаснувања
  • Дали тестот е релативно лесен за аминистрирање и бодирање
  • Дали е економичен, со оглед на времето за изведување и физичката кондиција на испитаниците
  • Дали теориските основи на конструкција на тестот се во согласност со теориските определби и верувања на испитувачот како во адекватноста на самиот инструмент, така и во објективноста, прецизноста, точноста и валидноста на добиените резултати
  • Дали дозволува бодирање
  • Дали е стандардизиран
  • Дали е доволно практичен за добиените резултати од мерењето да можат логички да помогнат во изготвувањето на програмата за третман
  • Дали го повредува интегритетот на испитаникот и дали мерната инструментација е усогласена со неговата возраст и ментална зрелост
  • Дали е дискриминативен, чувствителен, објективен и соодветен мерен инструмент , дали ги дава истите резултати од мерењето кога е спроведен во исти мерни услови, од страна на другите испитувачи на други објекти на мерење, со исти проблеми во комуникацијата.
  • На кој начин тетсот е стандардизиран и дали неговото упатство е јасно и инструктивно

 

Како и секој инструмент така и тестот може да биде добро или лошо употребен, со последици или без последици, со подобри или послаби резултати.     Во логопедската дијагностичка пракса при примената на тест-мерната инструментација може да дојде до..

  • Прекумерно тестирање
  • Недоволно тестирање
  • Неправилен избор на тестови

 

Автор:

М-р  Ивана Урдаревиќ,Логопед

Спец. едукатор и рехабилитатор