Д-р.Роберт Јаневски е основач и сопственик на G-Life клиниката. Со него за Метаболизам.мк зборувавме за значењето на тестовите кои се прават во сопствената клиника, кому се потребни, колку се веродостојни тестирањата и сл. Едно поинакво интервју кои ќе ви го смени начинот на размислување за генетските анализи.

  1. За кого се наменети тестовите на G-Life, дали има група на луѓе за кои тие не се препорачуваат?

Приказната за тестовите на G-Life започна со три тестови од таканаречена Lifestyle програма, наменета пред се за персонализација на начинот на исхрана, фитнес активностите и негувањето на кожата. Тоа се трите столбови на здрав живот на кои го поставуваме нашето секојдневно постапување и нашето функционирање.

Овие три основни столбови на водење на здрав живот му се потребни на секој. Ние сме сите изградени од огромен број на функционални единици, кои поради нашите генетски предиспозиции, не се когаш реагираат физиолошки еднаквона околината како и кај другите луѓе. Токму затоа, потребен е личен, пристап и кон начинот на исхрана и кон начинот на вежбање и кон начинот на нега на кожата.

Поради тоа за првпат на нашиот пазар воведовме технологија за квалитативна детекција на минерали во примерок од коса, што дава особено добар резултат при детекција на пореметувањата на метаболизмот со тешки метали и нивно депонирање во организмот.

Следуваше воведување на метода за ДНК идентификација на микроорганизмите во фекален примерок. На овој начин стандардната микробиолошка анализа со засадување на подлога ја заменивме со брза, високо прецизна метода на идентификација на голем број на видови на сапрофитни и патогени миркоорганизми во организмот како и одредување на нивниот квантитативен сооднос што дава една посебна слика за оценување на балансот на нашиот метаболизам.

Потоа следствено од побарувањата на пазарот, воведовме и метода за одредување на активноста на Б клетките односно појава на нетолеранција кон определени видови на храна и надворешни фактори, која почна со 100 компоненти, а сега веќе сме во можност да анализираме паралелно 1000 компоненти, што е најширока лепеза воопшто која се нуди не само тука кај нас туку и во светот.

Сепак како се развиваше нашата компанија, се соочувавме со барања од нашите клиенти за искористување на потенцијалите на ДНК анализа за точна дијагностика и на некои ретки заболувања. Така воведовме и микроарејна дијагностика на хромозомските пореметувања која треба да го замени стандардниот кариотип со значително поголем број на информации, а во меѓувреме развивме неколку панели кои опфаќаат патолошки состојби со неуротрансмитерите, леукодистрофиите и епилепсијата.

Сега сме во фаза на воведување на модерни фармакогенетски тестови за потребите на нашите пациенти, што значи со еден збор, прилично динамичен развој кој за 2 години од три теста помина во лепеза од над 800 различни видови на тестови.

  1. Како се спроведуваат самите испитувања?

Целата идеја на G-Life беше да се избегне медицинскиот карактер на генетското испитување. Поради тоа дизајниравме едноставни тестови кои им овозможуваат на корисниците можност,материјалот за анализа да го обезбедат во комфорот на својот дом. Имаме едноставни видеа кои го објаснуваат процесот, а китовите се доставуваат и преземаат од компанија за брза пошта. На тој начин клиентите не треба да се оптоваруваат со термини, чекални, гужви, непотребни соочувања со други пациенти, туку се се одвива онлајн, безбедно и дискретно.

  1. Дали варира резултатот спрема возраста? Дали ако го направам сега тестот може за определено време резултатите да се променат? Или со други зборови дали за целиот живот се валидни резултатите?

Токму тоа е предноста на генетските анализи. Резултатот е секогаш ист, од раѓање па во текот на целиот живот. Поради тоа модерните медицински механизми во развиените земји и предвидуваат широки неонаталнипаннели па на тој начин ја обезбедуваат здравата иднина на својата земја на правилен, економски и современ начин. Дополнително LifeStyle панелите овозможуваат предвреме да ги знаете вашите предиспозиции и никогаш да не се доведете во состојба на пореметен метаболизам, зголемена телесна тежина, повреди здобиени поради несоодветни физички активности, како и проблеми со вашата кожа поради несоодветна козметика. ДНК анализите се сеуште скапи, но доколку земете во предвид дека анализата се прави еднаш во животот и важи засекогаш, тогаш навистина излегува дека и цената не е толку висока. Имајќи ја во предвид куповната моќ на нашите корисници ние се трудиме да го овозможиме економски нај исплатливото решение. Поради тоа формиравме мрежа на партнерски лаборатории, две во САД, две во Велика Британија, четири низ Европа (од кои две на Балканот) и во зависност од типот на анализата, истата се прави во една од лабораториите во мрежата, а препраќањето на материјалите и резултатите го регулираме согласно со Законот за заштита на лични податоци. Секој примерок е означен со специјален бар-код и тој бар-код е она што го добива клиентот, лабораторијата и неговиот доктор.

http://https://youtu.be/anIxDFKlfmA

  1. Според ова, може да се заклучи дека генетските тестови го откриваат клучот за нашето физичко и психичко здравје. Дали може да се заклучи дека овие тестови ги променуваат “правилата на играта“

Токму така, на овој начин значително се менуваат правилата на игра. Досега лекарите од вашата анамнеза и симптоми поставуваат дијагноза, а понатаму и начин на лекување. Овие панели предвреме ве предупредуваат дека доколку постапувате на овој начин, се храните со ваква храна, правите ваков вид на вежби, никогаш нема да се доведете во состојба на пореметена внатрешна хомеостаза и на тој начин да избегнете понатамошни здравствени компликации. Односно да не се доведете во начин да ви е воопшто потребно лекување.

  1. Дали може да заклучиме дека ако ги познаваме нашите гени и нивните информации, можеме да си осигураме по здрав и подобар начин на живот?

Точно, гените се клуч на нашето здравје и подобар начин на живот. Едноставно кажано гените претставуваат филтер помеѓу надворешната средина и нашиот организам. Доколку знаеме како нашите гени функционираат можеме да предвидиме како би бил исходот кон нашиот организам при негово изложување на различни надворешни фактори, без разлика дали тие фактори се некои видови на храна, кои може да влијаат добро или лошо на вашето здравје, или се некои видови на физички активност, бидејќи не сите сме исто дизајнирани за да може организмот да функционира во анаеробен и во аеробен режим на активност, како и изложување на сончевите зраци или различни козметички препарати кои може значително да влијаат за здравјето на нашата кожа. Сите ние знаеме некој каде одлично му влијаела определена диета без разлика дали е таа Кето, Аткинс, Палео или некоја од другите диети. Но исто така знаеме и многу каде се обидувале со диети а пак не успеале да намалат телесна тежина или пак диетата им предизвикала значителни здравствени проблеми. Тоа е значењето на нашите гени. Исто така знаеме и некој кој упорно тренира за определен спорт а некој со помалку тренинг подобро ги изведува вежбите, па тоа го нарекуваме талент, а всушност е генетска предиспозиција. Поради сето тоа познавањето на нашите гени е баш како што кажавте, клуч за нашето здравје и подобар и поуспешен животен пат!

Д-р. Роберт Јаневски

Основач и сопственик на  G-Life

Mobile/Viber/WhatsApp +38971268587