Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со аутизам, денеска Сашо Стојановски креаторот на проектот Диферент ја предаде донацијата која ја вети за ОУ.Невена Георгиева Дуња. Донацијата е наменета за сензорната соба во училиштето, за децата со посебни потреби кои учат во ова училиште и се состои од Персонален компјутер со монитор заедно со детска тастатура со зголемени тастери и вертикално глувче, Скенер, принтер, ламинатор, Сензорна табла, дидактички материјали и асистивна технологја.

 

Донацијата беше предадена на директорката на училиштето м-р. Нателија Делева и на Сашо Јованоски (Советник за образование во кабинетот на градоначалникот на општина Кисела Вода).   При разговорот со Јовановски беше истакната поддршката на општината за овој проект и беше пренесена желбата на градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски да се вклучи во следниот проект Диферент 2 кој ќе се организира. Како едно потсетување проектот Диферент се промовраше на 25 Септември во Младинскиот Културен Центар, го осмисли Сашо Стојановски џез тапанар кој на   уникатен и хуман  начин, смисли интердисциплинарен проект кој опфати повеќе области од  културата, музичката уметност, иновативност, инклузија, работилница за деца со посебни потреби и попречености како и наменска хуманитарна акција .

Проектот беше инспириран од неговиот  син (Филип 13 год.), кој е дете со посебни потреби, со  ретко генетско заболување X-Fragile и силно развиени чувства и љубов кон околината и семејството и ученик во ОУ.Невена Георгиева Дуња.

Целиот овој проект освен што има конструктивна уметничка цел има и идеолошка цел, барем малку да се подигне свеста во нашето општество и да им се посвети повеќе внимание на сите деца со посебни потреби и нивните семејства.

Воден од својата желба за да му помогне на своето а и на многу семејства ја доби доби инспирација  да создададе проект кој ќе даде придонес и подигне јавната свест за овие лица. Затоа и се најавува следен уште погласен ДИФЕРЕНТ 2