Зошто не издржуваш на диета и која е опасноста по твоето здравје?

Кето, УН, Обединети Нации, Липосукциска диета… познато ти е?

Да, знам дека си ги пробала сите можни диети и си прегладнувала за да ја намалиш твојата телесна тежина. Но, на крајот добиваш фрустрации и стрес, враќање на оние малку килограми кои си ги изгубила, а некогаш и дупло.

Секоја диета функционира со исфрлање на јаглехидрати, внесување само на протеини и калориски дефицит кој е драстичен на самиот старт и е некаде околу 1000 калории.

Во просек за органите и целото тело да функционираат нормално потребни се околу 1650 калории ( во зависност од параметри како тежина, висина, години, пол, активности во денот…) тоа е базален метаболизам, кога телото согорува калории и во тотална неактивност за функција на органите.

Диетата не ја издржуваш зошто калорискиот дефицит е огромен на самиот старт!

Кога одеднаш ќе се пресече дневниот внес и тоа ќе потрае подолг период каде не се внесуваат доволно масти и јаглехидрати, телото почнува да го согорува мускулното ткиво. Протеинот од мускулите го претвара во масти и го користи како гориво за да преживее !

Не смееме да заборавиме и дека нашето срце е мускул и која штета се нанесува и ризици!

Со диетите, не се топат масти, со диетите се согорува мускулот, се забавува метаболизмот, телото почнува да штеди калории, па после долго време на прегладнување ти стагнираш и да јадеш по 1 јаболко на ден вагата стои во место што е дополнително фрустрирачки и стресно и е знак дека нешто се случува во твојот организам и е дополнителен ризик.

Ќе земам за пример една жена која има 90 килограми и која до денес имала дневен внес од 2600 калории, а од денес почнува со прегладнување или некоја од познатите диетите кои се од 1000-1200 калории.

Тој режим го држи до првото прегладнување, па потоа го бомбардира организмот со обилен оброк каде следи и каење, тоа е најчесто во вечерните часови. Ризикот е дијабет, затоа што се прави шок на организмот и инсулинот нагло паѓа под нормала, па нагло се крева над нормала!

Вториот случај е дека таа издржала еден месец и намалила 10кг што претставува тотално нездрав начин на губење телесна тежина и губење на мускулното ткиво и течностите од телото, кое со себе носи низа на здравствени ризици. А, потоа…. ги враќа назад затоа што не издржала подолго на истиот режим….

3 пати губење на брзи 10кг и враќање на истите го зголемува ризикот на срцеви заболувања за 20%, па дали повторно би го ризикувала твојот живот и здравје за брзо решение?

Кога ќе сфатиме дека 30кг не сме качиле за 1 месец, ќе ни биде јасно и дека не можеме да ги стопиме за 1 месец.

Одбери исхрана која ќе биде твој начин на живот на долг рок, биди трпелива и дај си време за промена. Патот на лична трансформација е многу важен за нашето ментално и физичко здравје, уживај во процесот, во новите навики, во секојдневните мали успеси и само на тој начин ќе имаш долготрајни решенија и никогаш повеќе нема да се измачуваш со вишокот килограми и ќе го подобриш твоето здравје и квалитетот на вашиот живот!

автор: Наде Василевска

E-mail: vasilevskafitness@gmail.com