Cangoo jump (Енергичен тренинг со кој ќе согорите 1700 калории)
Екипата на Метаболизам.мк се запозна со девојката за која деновиве многу се зборува, Ивана Николовска. Актуелна е поради нејзината страст кон Kangoo jumpping, и поради ново формираните групи за Кангу каде се троши многу енергија, брзо се слабее и е многу забавно! Ја посетивме во салата во Аеродром во која ги одржува часовите, бевме љубопитни што значи овој релативно нов правец во аеробикот, по што е толку посебен и зошто сите велат дека е забавен. Ќе се обидеме сета собрана енергија и она што го почувствуваме во тие два часа дружба со Ивана и со групата на женски да ви пренесеме.
Нашата новинарка прво ги облече кангу обувките, Ивана и помогна да се исправи и чувството да се биде на такви обувки е навистина убаво, првиот коментар кој ќе си го дадете за себе си е ….јас не знам како скокаат со нив кога јас се движам како робот, потоа кога ќе ја почувсвувате стабилноста, следно е моблноста на нозете, секое движење ви дава поттик и ве охрабрува дека можете да ги владеете обувките и кореографијата која Ивана ја задава. Ве охрабрува фактот дека досега никој не паднал од тие обувки и дека ефетот по еден час тренинг е неверојатен. Еве неколку интересни факти за Кангоо Џампс патиките/обувките/чевлите.
• Kangoo Jumps патиките го намалуваат стресот на зглобовите до 80%.
• Го оптоваруваат целото тело и ги мобилизираат сите мускулни групи.
• Истовремено ги штитат и ги зајакнуваат мускулите на нозете, грбот и кичмата.
• Идеален метод за слабеење – за 30 минути скокови се согоруваат околу 1400 калории. Го забрзува метаболизмот.
• Нема старосни ограничувања за практикување, но добро е да се консултирате со специјалист, ако имате било какви здравствени проблеми.
Ивана ни објасни дека овој вид на спорт е многу забавен, се раоти за аеробик и движење на целото тело во ритамот на музката, сите заедно, складно се движат на одредена кореографија и на многу оригинално забавен начин преку дружење и музика се согоруваат калориите, се намалуваат килограмите, се затегнува телото се оформуваат мускули. Нашата домаќинка не информираше дека овој вид на аеробик може да се практкува индивидуално и во групи (секогаш во група е позабавно). Нема воспалување на мускулите бидејки на крајот од тренингот секој мускул на телото подлежи на квалитетно истегнување.
Ја прашавме Ивана кој се може да вежба?
Ивана: Може да вежба секој кој сака има желба да одвои прво време за себе, потоа секој кој што е љубител на музика и добра дружба и секој кој сака да се чувствува убаво и исполнето. Праксата ми покажала дека оние кои покажале најголем отпор за било какво спортување или режим на исхрана сега ми се најредовни вежбачи. Често знам да им кажам дека чевлите се магични и кога ќе ги облечете едвај ќе чекате повторно да ги носите. Таа магија ќе ја споредам слободно со она ослободувачко чувство кое ти го дава трамболината кога скокате на неа, таа енергија која е посебна и кога ке застанете чврсто на тло се чувствувате како да сте го загубиле сиот товар од себе некаде во воздухот, при вежбањето ги исфрлате негативните мисли и чувства, ги отфрлате сите грижи и задолженија, се ослободувае од тежината која ја носи вашето тело и која при било каква физичка активност ве заморува, што не е така во случајот со Кангу џампинг. Кога го отворив Kangoo Club Be Fit – Skopje, прво го отворив за себе, ми недостасуваше физичката активност, она задоволство што ти го дава ова спортување. Откако се породив (имав две бремености една по друга), се помалку имав врее за себе, зошто постојано бев околку децата и домот. Иаку откако знам за себе сум физички активна , во тие неколку години ги зголемив килограмите, станав пасивна и слободно ќе кажам мрзелива. Да ви одговорам директно на прашањето. Може секој кој е спремен да ја направи проманата кај себе си што ја посакува. Ви се менува телото, расположението, со видливите резултати ви се менува и размислувањата за животот, енергични сте и станувате најдобрата верзија од себе.
Колку време трае еден тренинг како игледа целата постапка?
Ивана: Еден тренинг трае околку еден час, понекогаш и повеќе зависно од мотивираноста на групите. Обувките задолжително се облекуваат со високи чорапи. Секогаш тренингот се започнува со вежби за загревање и истегнување на целото тело. Кога ќе заврши загревањето потоа започнуваме со серии на кореографии кои заедно, ритмички и складно сите пред големо огледало ги вежбаме, чувството е извонредно кога ќе се совлада кореографијата и кога до перфекција ќе се одигра, тогаш сите сме среќни. Одме по серија од три до четири подолги кореографии со паузи од по 3 минути. На крајот завршуваме со вежби за стомакот, за задникот и нозете, помеѓу нив со вежби за истегнување. Го истегнуваме вратот, целото тело, нозете и испотени што би се рекло (жива вода ) одиме во гардероба да се пресоблечеме и задоволни си одиме дома.
Многумина особено по празниците ги зголемија килограмите, има и такви жени кои после породување не можат да с ја добијат посакуваната тежина. Многумина ветуваат разни препарати кои се премногу скапи и кои даваат “неверојани резултати“ со јојо ефект. На Фејзбук прочитавме дека давате програма за слабеење која во комбинација со Kangoo Jumps дава видливи резултати, за што всушност се работи?
Ивана: Да вистина е. Јас не давам диета, и самиот збор диета не го сакам. Давам план и програма на исхрана врз база на претходно потполнет прашалник со информации кои ми се неопходни за да го составам планот за исхрана. Нема гладување, грицкање нездрави грики и благо. Програмата е за 21 ден и содржи одредени производи кои што ќе ви помогнат многу брзо да се ослободите од вишокот кг ,кои што во комбинација со Kangoo Jumps тренизите ќе ви овозможат да добиете неверојатен и најбрз резултат .Резултатите се загарантирани.Исто така на програма може да биде секој што не е во можност да вежба Kangoo. Еве им препорачувам на оние кои ве читаат да пробаат и ќе се уверат во промената кај себе за многу брзо време.
Има ли простор за нови членови и групи? Како можат да се исконтактираат?
Ивана: Да секако дека има, и да нема ќе се создаде (се смее). Јас не ги одбивам оние кои имаа воља за вежбање. Кај мене се вежба секој работен ден во разлучни групи и термин, можат да се создадат утрински групи,индивидуални тренизи и се е возможно ако се има желба. Можат слободно да ми се јават на 072/229-368, можат да ме најдат на Инстаграм и Фејзбук како што е името на клубот Kangoo Club Be Fit.