Чичока (Helianthus tuberosus)  – најдобриот природен пробиотик и чистач на организмот, , позната е како   Топинамбур, или народски Репујка или Див компир — повекегодишно растение.
Содржи Инулин кој го намалува шеќерот, триглицеридите и холестеролот, ги негува добрите бактерии, го одржува имуниот систем, спречува различни инфекции, ги штити коските, ги спречува сите болести на цревата од иретабилен колон до рак на дебело црево. Содржи флавоноиди кои заедно со витамините А,Ц,Е,Д и малата содржина на витамини од Б групата ги блокораат слободните радикали, спречуваат воспаленија, инфекции и настинки.


Одлична е за уринарни инфекции,за намалување на шеќерот во крвта  како и најтопло се препорачува  за подобрување на плодноста кај двата пола, и се смета дека е подобар афродизијак и од Африканската слива 😊   
Највредна е кога се користи свежа, но може да се користи во сите варијанти во кои се користи компирот

Автор:Љупче Бубе Трајчев