Многу добро ни е позната изреката дека во виното е вистината, тимот на метаболизам ви препорачува да пиете почесто вино но во умерени количини и ќе ви дадеме и неколку објаснувања зошто и како е корисен овој пијалок на боговите за човековото тело. И не за џабе се нарекува пијалок на боговите, не само што е добро виното за пиење, туку корисно е за порите, кожата и целото тело.

Во црвеното  виното се наоѓаат најважните антиоксиданси  како  ресвератолот и група на хемикалии наречени флавоноиди. Познато е дека  нивната моќ е во способноста да ги абсорбираат слободните радикали, се смета дека тие го штитат и срцето со тоа што го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта и од запаление на клетките. Некои истражувања докажале дека  флавоноидите имаат влијание и во борбата против ракот, бидејќи предизвикуваат природна смрт на клетките кои се  заболени. Флавоноидите се најпознати по своите антиоксидантни својства кои помагаат на телото да се бори покрај канцерогените клетки кои ги споменавме одличен борец е и против  вирусни и алергиски предизвикувачи.

Ресвератолот  има и улога во активирање на протеинот кој го продолжува животот на клетките и ги прави поотпорни.  Знае да биде  силен антиоксиданс кој се наоѓа го грозјето  и се смета дека е клучната состојка во црното, црвеното вино.  Ресвератролот  може да спречи раст на клетките на ракот, вклучувајќи го развојот на клетките на рак на градите. Исто така може да понуди кардиоваскуларни бенефиции кои ве штитат од атеросклероза, состојба која се карактеризира со присуство на масни наслаги на ѕидовите на артериите. Има уште многу бенефити зошто е неопходно да конзумирате црвено вино како на пример: Одличен избор на пијалок доколку одлучите да слабеете, помага при согорување на маснотиите, ја заштитува кожата од предверемено стареење, помага во борбата против дијабетесот, ја подобрува способноста за помнење, ја намалува тензијата и стесот како и го поттикнува  хормонот на среќа. Докторите   препорачуват конзумирање на една до две чаши (од 150 мл) црвено вино на ден, но не претеруваје!!! На здравје!