Танчерите со Даун Синдром од Dancers United заедно со нивните ментори и родители на 16мај ја започнаа авантурата за добивање на уште едно признание за нивниот труд , пожртвуваност и талент. Во Римини Италија во склоп на Европското првенство во Хип Хоп имаше и Светски Куп за Пара Танц хип хоп група, овие танчери на 18ти мај полни со желба за победа и афирмација повторно го освоија златниот медал! Среќата која се доживува кога се слуша нашата химна додека ги вееме знамињата е неопислива.

Овие достигнувања се признание на трудот и упорноста на Dancers United кои веќе 6та година успешно работат на инклузија на овие лица и можностите на Лицата со попреченост. Воедно ова ги прави Данцерс Унитед и најтрофеен клуб со највисоки Европски и Светски медалји. Групата со ДаунСиндром минатата година ги освоија титулите Европски Шампиони (Мај – Џенова, Италија) и Светски шампиони ( Октомври- Киелце, Полска) додека Латино јуниорската група со типичен развој во Март годинава на Европското првенство во Москва се искачија на 2рото место во категорија Латин шоу и 2ро место модерен балет соло девојки постари младинци. Приказната продолжува , целта е да што повеќе луѓе слушнат за нашите шампиони и што повеќе луѓе ни се приклучат во идејата на нашиот општествено одговорен инклузивен танцов клуб, а тоа е едно еднакво општество за сите !

Информациите и сликите се доставени од Сара Кочан ( директор и кореограф на Dancers United)