Артериитенавратот, каротидни артерии, излегуваат од аортата и го снабдуваат мозокот со крв и кислород. Поставени се површно и нивното пулсирање може да се напипа од двете страни на вратот.

Атеросклерозата е во основа на каротидната болест. Каротидната болест е маркер за системска атеросклероза со висок ризик од настанување на мозоченудар, миокарден инфаркт и воопшто смрт од кардиоваскуларни и церебро-васкуларни заболувања.

Атеросклерозата е генерализирана болест но кај различни индивидуи покажува поголем афинитет кон различни сегменти од артериското стебло. Во зависност од тоа доминира клиничка слика на каротидна, коронарна или периферна артериска болест. Сите ризик фактори одговорни за настанување на коронарната болестважат и за  каротидната болест (хипертензија, хиперлипидемија,  дијабет, пушење, дебелина, физичка неактивност).

Како кај артериите кои го снабдуваат срцевиот мускул, така и кај вратните артерии доаѓа до формирање на масни наслаги на ѕидот и стеснување на луменот до потполнопрекинување на крвиот проток.При тоа мозокот страда за кислород. Доколку тој процес оди постепено, настануваат симптоми слични како кај градната болка – транзиторни исхемични атаки кои се карактеризираат со краткотрајни (неколку минути, часови) потешкотии во говорот, трнење на едната рака и/или нога како и едната страна на лицето.

Истите тие симптоми, но со појак интензитет и често придружени со млитавост/одземеност на едната страна од телото, губење на рамнотежата, конфузност до губење на свеста, губење на видот на едното око, настануваат при нагло, потполно прекинување на крвиот проток низ вратната или мозочната артерија, односно при настанување на мозочен удар.

Можна е и атипична симптоматологија. Навидум лесни вртоглавици, зуење во ушите, краткотраен губиток на свеста, може да го наведе пациентот но и докторот, да го насочат своето внимание во погрешен правец – упатување на оториноларинголог поради зуење во ушите или упатување за рентгенграфија на вратниот дел од рбетниот столб, поради сомнение за спондилоза.

Поради ова, навременото откривање на каротидната болест,  дефинирање на степенот на стенозата и правилната селекција на високо-ризичните пациенти за инвазивен третман, претставуваат главна цел на тимот лекари-кардиолози, невролози, васкуларни хирурзи.

Дијагнозата на каротидната болест

За дијагноза на каротидната стеноза се користистат следните методи – доплер сонографија, каротидна ангиографија, компјутеризирана ангиографија, магнетна резонанца и церебрална ангиографија.

  • Доплер сонографија – за процена на протокот низ вратните артерии и степенувањенастенозата. Со својата едноставност, брзина и неинвазивност, доплер сонографијата овозможува прецизна информација и претставува дијагностички метод на избор. Нејзината примена придонесува за намалување на кардиоваскуларниот и цереброваскуларниот морбидитет и морталитет.
  • Каротидна ангиографија– сопримена на контрастно средство аплицирано преку катетер поставен во перферна артерија (најчесто на раката) докаротиднатаартерија, попрецизносеодредуваапротокотнакрв низ вратните и мозочните артерии како и на степенот на стенозата.
  • Компјутеризирана ангиографија или МР ангиографија со примена на контрастно средство на база на јод, преку периферна вена (на раката) во комбинација со Х-зраци и КТ скенер.

 

Автор: Др. сци.мед. Славица Митровска

специјалист по интерна медицина

ПЗУ Промедика Медикал Центар