Познатиот скопски ресторант Еквилибриум организираше голема хуманитарна забава чии сретства беа наменети за дечињата со посебни потреби кои го посетуваат центарот за рана стимулација, развој и игра кај децата, Креатива Исток. Идејата за ваков настан ја поттикна сопственикот на ресторанот Дарко Спасовски а ја подржаа познати пејачи, глумци, музичари, водители.

Весна Петрушевска, Елена Ристевска, Дани Димитровска, Анкица Стојановска Митровска, Горан Наумовски РНС-Бенд, Билјана Петровска, Лена Маротов, Љупчо Чедомирски беа љубезните келнери кои ги служеа гостите. А гостите презадоволни од брзата услуга, вкусната храна и убавиот амбиент на крајот познатите ги честеа со убав бакшиш. Дваесет проценти од вкупниот промет заедно со бакшишот беа одвоени за донација. Прво беа собрани 57.000 денари кои потоа со дополнителни донации се зголемија за 70.000 денари.

Прокрај квалитетната услуга која на гостите им ја пружија познатите личности, Елена,Дани,Весна, Горан и Љупчо Чедомирски направија незаборавен амбиент кој вети само едно. Ке има следен пат, за месец дена повторно, ќе биде уште повесело и да се соберат што е можно повеќе средства за следната донација.