Минатата недела во Метаболизам.мк објавивме текст за дехидратација, за тоа што значи, кои се знаците и симптомите и што му се случува на телеото кога не е доволно хидрирано. Денеска ви даваме насоки кој е со ризик за дехидратација. Секој е подложен на дехидратација, но некои имаат поголем ризик. На пример, ризикот е поголем при напорно вежбање. Особено е тешко за планинарите да останат хидрирани бидејќи притисокот на високи надморски висчини прави повеќе да се потат и дишењето е отежнато.

Професионални спортисти, особено маратонци и натпреварувачи на велосипедски турнири се предиспонирани на дехидратација. При интензивен физички напор дури и мала дехидратација ги нарушува кардиоваскуларните и терморегулаторните одговори.

Постарите лица се со голем ризик за дехидратација бидејќи со возраста слабее механизмот на жед. Лицата со деменција исто така се со зголемен ризик

Лица со хронични болести кои предизвикуваат често мокрење какодијабетес и болести на бубрезите може да се со зголемен ризик за дехидратација.

Како да се превенира дехидратација?

Важно е веднаш да се надокнади водата.

Секогаш имајте шише вода кога имате напорна физичка работа, вежбање, особено при жешко време. Добро правило е да се пие вода толку за да урината биде светло жолта. Темна урина значи дека бубрезите ги задржуваат течностите во обид да има доволно за нормално функционирање на организмот.

Обрнете посебно внимание ако сте болни и имате треска, температура, повраќање или дијареа. Ако не можете да внесете доволно течностипреку уста треба да се јавите на доктор.

Изберете вода

Водата чувајте ја во стаклени шишиња, пластичните содржат бисфенол А, бисфенол Б и фталати кои се штетни за организмот.

Ако сакате да пиете нешто различно од вода одлучите се за свеж сок од зеленчук и овошје.

Слушајте го телото – клуч за избегнување на дехидратација

Нормален, здрав човек уринира 7-8 пати на ден. Ако ретко уринирате значи дека не пиете доволно вода. Човек тежок 63кг. треба да испие 2 л. вода на ден, од 72 кг. би требало да испие 2.3 л., од 90кг. – 3л.

Никој подобро од вас самите не може да одреди дали сте доволно хидрирани. Ако чувствувате жед или интензивно се потите тоа е знак дека треба веднаш да се дополните со вода. Не чекајте да се јават посериозни симптоми на дехидратација.

 

Др. сци.мед. Маја Милованчева-Поповска

специјалист по интерна медицина – нефролог

ПЗУ ПромедикаМедикалЦентар