Вирусни брадавици(Verrucae vulgares)

Во Македонија доста често се сретнуваат вирусни заболувања кои се манифестираат во облик на брадавици. Брадавиците можат да бидат поединачни но најчесто се повеќе на број. Се сретнуваат кај пациенти на возраст од 20 до 50 годишна возраст. Но во последно време се почесто овие промени ги гледаме кај децата од предучилишна и училишна возраст.

Промените се бенигни но се доста контагиозни – заразни . Само брза интервенција  од страна на родителот  или возрасниот пациент односно одење на дерматолог  е една од условите за ниво брзо и успешно лекување. Како и кај сите заболувања така и кај овој вид  промените бараат да бидат брзо третирани со соодветна терапија.

   Кој  е предизвикувач на вирусните брадавици?

Предизвикувач е Human papilloma virus(HPV).До  сега се идентификувани преку 80 различни видови. Одредени типови предизвикуваат специфични промени како на кожата така и на слузокожата.

   Како се пренесуваат вирусните брадавици?

Болеста е распространета насекаде доста е заразна .Се пренесува   директно( со авто и хетероинокулација) и индиректно(преку предмети).Инкубацијата  трае од 4 недели до 8 месеци.

Одредени професии—вработени во месна .млечна индустрија поради директниот контакт со продукти од животинско потекло кои биле заразени со HPV virus имаат ваков проблем односно кај нив ги гледаме почесто овие вирусни промени.   Исто така спортистите (ватерполисти,.пливачи) кои се во постојан контакт со вода во затворени базени страдаат од вирусни брадавици.

  Видови на вирусни брадавици

1.Verrucae vulgares – предизвикан од HPV тип 1,2,4,7 се јавуваат секаде по тело може и на лице.

2.Verrucae plantares-  предизвикани од HPV тип 1,2,4  се јавуваат на стапалата

3.Verrucae planae    –   предизвикани од HPV тип 3 се јавуваат на лице,граден кош и на стомак.

4.Condylomata acuminate-предизвикани од HPV тип 6 и 11 поретко од 16 и 18.Тоа се сексуално преносливи брадавици и се јавуваат на половите органи.

5.Molluscum contagiosum – предизвикани од Molluscum contagiosum virus. Брадавиците имаат облик на меурче. Вирусот навлегува преку минимални дефекти на епителот. Најчесто заболуваат деца и млади.

6.Papilomi –промени кои се сретнуваат на вратот,под мишките, на препоните.

Verrucae vulgares

Verrucae vulgares претставуваат најчест облик на вирусни брадавици. Можат да се јават секаде на телото  по  кожата ,но најчесто ги гледаме на прстите на рацете ,на лактите, на колената и на табаните. Чести се и брадавиците од овој вид  и под ноктите. Овие брадавици се болни  и по местоположбата и при лекување. Формата на брадавиците зависи пред се  од местоположбата,но најчесто се гледаат како тврди задебелувања,испакнувања (чворчиња) на кожата.   Бојата на промените варира од жолта,светлосива,сивоцрна со големина од неколку милиметри до еден см. Брадавиците се јавуваат поединачно и во група. Брадавицата мајка се јавува прва и секогаш е поголема од брадавиците ќерќи кои се јавуваат во нејзиното соседство,поради автоинокулација (расејување).   Брадавиците при мала траума можат да крварат, да се јават болни рагади и да бидат влезна врата на секундарна бактериска инфекција.

    Лекување на вирусните брадавици

Како ќе ги лекуваме брадавиците зависи пред се која врста се,од местопололожба, возраста на пациентот  и време траење на промените.  Најбитно од се да промените бргу се шират и неопходно е нивно брзо отстранување.   Еден од најстарите методи е примена на Cryo терапија- Мрзнење на промените со течен азот  -196 C. Исто така се користи третман со електрокоагулација,се користат кератолитици.

Во последно време најголем успех се постигнува при лекување на вирусните брадавици  е употреба на радио бран. Методата е безбеден,.бескрвна и што е најбитно кожата минимално се трауматизира а лузните се неприметни. Пред третманот промените се премачкуваат со анестетик во облик на крем и што е најбитно со еден третман се отстрануваат сите промени.  Стресот од самата интервенција е многу мал а пациентот може веднаш да продолжи со работните обврски.

Д-р Горица Дачевска (специјалист по дерматовенерологија)